Рајан Стак (англиски: Ryan Stack; роден во Нешвил, Тенеси) — поранешен кошаркар од Соединетите Држави, кој добил македонско државјанство, член на македонската репрезентација. Тој настапувал за украинскиот кошаркарски прволигаш КК Киев. Играл на позицијата крилен центар. Стак го носи бројот 13 во Македонската кошаркарска репрезентација.
Во 1998, тој беше одбран со 48 пик на НБА драфтот.Тој има настапувано за Кливленд Кавалиерс во НБА, и Арис од Солун во грчката прва лига. Тој е висок 211 см и тежок 100 кг. Рајан не доби многу шанса како резервата на Литванецот Зидрунас Илгаускас. Рајан заигра во 43 натпревари во НБА пред да се пресели во Шпанија. Настапуваше во Шпанија, Израел, пред да заигра за Грчкиот Арис, со кој освои еден Европски куп и второто место во УЛЕБ Купот.
Тимови за кои има настапувано Кливленд Кавалиерс - НБА (САД) - 1999/2000 Џијон - Примиера Дивизион (Шпанија) - 2000/2001 Макаби Рамат Ган - (Израел) - 2001/2002 КК Арис - (Грција) - 2002/2006 Олимпијакос - (Грција) - 2006/2007 КК Киев - (Украина) - 2007/
Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски кошаркари Категорија:Кошаркари од Нешвил Категорија:Играчи на Кливленд Кавалирс