А или во мала форма а (стара кирилица: , глаголица: Ⰰⰰ) — првата буква во старата кирилицата и во скоро сите денешни кирилски азбуки. Формата на буквата потекнува од формата на грчката буква алфа. Во старословенскиот јазик оваа буква се нарекувала аз () и имала бројна вредност 1. Кирилската буква има иста вредност, име и значење со глаголската буква ⰰ. Буквата се користи во сите кирилски азбуки, како на пример во македонската азбука, руската азбука, српската азбука, украинската азбука, белоруската азбука и монголската азбука. Според МФА, буквата има фонетска вредност /a/, додека кај некои несловенски јазици кои користат кирилица, буквата има вредност /ɑ/ (отворена а) или /ə/ (темен глас). Низ вековите можела да се сретне во повеќе форми сè додека не го добила денешниот изглед кој е ист со латинската буква A.

Буквата А во македонскиот јазик

Буквата А е првата буква од македонската азбука. Самогласката а се пишува во оние зборови што во некои наши говори се изговараат со темна самогласка, о или у, на пример: маж, рака (не: мож, рока, муж, рука и сл.). Така, со а се изговараат и пишуваат и: внатре, газер, гасеница, гнаса, гнасен, гради, гулаб, даб, длабок, длабочина, драг, желад, заб, забец и слично.

Покрај овие зборови, со букавата а се пишуваат и:

јагне, јаганца, јајце, јаловица, јаготка, јаре, јарем, јасен, пријател, појас, обичај, случај, кочан, началник, печали, чаша, кошара, грамада (не грмада), страна и слично.

Во нашите дијалекти различно се изговараат придавките со наставка - ар, па така имаме итар, итор или итер. Во литературниот јазик се употребува само формата - ар.Правопис на македонскиот јазик, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, трето издание на Просветно дело - Скопје, 1986, Редакциски одбор: Божо Видоевски, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Крум Тошев, Рада Угринова-Скаловска

Кодна положба

Код на знакот Големина Децинала Хексидецимала Октална БинарнаУникодГолема104004100020200000010000010000Мала107204300020600000010000110000ISO 8859-5Голема176b02600010110000Мала208d03200011010000KOI 8Голема225e13410011100001Мала193c13010011000001Windows 1251Голема192c03000011000000Мала224e03400011100000

Наводи

Поврзано Кирилица Глаголица Список на кирилични букви

А А