Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Стенче; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во тетовското село Стенче, Општина Брвеница.

Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во селото Стенче, во неговиот средиштен дел.

Историја

Објектот на училиштето бил изграден во 1934 година.

Особеност

Во склоп на централното основно училиште функционираат и подрачните основни училишта во селата Волковија, Радиовце и Теново, кои се четиригодишни, а додека албанските учениците од селото Радиовце кои учат во подрачното четиригодишно училиште во селото образованието го продолжуваат во основното училиште „Лирија“ од Жеровјане, иако се дел од ОУ „Гоце Делчев“ и имаат можност да следат настава на албански јазик во селото Теново.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на албански и на македонски наставен јазик во 32 паралелки.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Гоце Делчев“ - Волковија, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Гоце Делчев“ - Гургурница, подрачно деветгодишно училиште на албански наставен јазик; ПУ „Гоце Делчев“ - Радиовце, подрачно петгодишно училиште на албански и на македонски наставен јазик; и ПУ „Гоце Делчев“ - Теново, подрачно деветгодишно училиште на албански и на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Основни училишта во Општина Брвеница Категорија:Стенче Стенче Категорија:Основни училишта во Македонија