Слезина, слезена, сплина или архаично далак (лат. lien) — орган на лимфниот систем. Таа претставува депо - орган и складира крв, а исто така ги отстранува изумрените црвени крвни зрнца. Сместена е на левата, горна страна од абдоменот, зад желудникот и под дијафрагмата. Има две страни од кои едната кон дијафрагмата, а другата кон стомачните органи на која се наоѓа влезен отвор. Од тука влегува слезенска артерија, а излегува слезенска вена.

Градба и функција Слезината е изградена од две различни ткива: бела и црвена пулпа. Црвената пулпа - е местото каде што старите и оштетени црвени крвни клетки се отстранети од циркулација Белата пулпа - е секундарно лимфоидно ткиво во кое лимфоцитите реагираат на патогените донесени со крвта.

left|150px

Наводи

Категорија:Лимфен систем