Црна Гора (црногорски и ) — независна држава на Балканскиот Полуостров. Земјата на југозапад излегува на Јадранското Море, додека на запад граничи со Хрватска, на северозапад со Босна и Херцеговина, на североисток со Србија, на исток со Косово и на југозапад граничи со Албанија. Најголем и главен град на Црна Гора е Подгорица, а Цетиње е назначен за „престолнина“ на Црна Гора како поранешен кралски главен град. Црна Гора има површина од 13.812 квадратни километри и население од 620.079 (според пописот во 2011 година).
Историјата на Црна Гора датира уште од IX век со основањето на Дукља, вазална држава на Византија. За тоа време, Дукља била владеена од династијата Воисавлевиќи. Во 1042 година, на крајот од дваесетипетгодишното владеење, кралот Воислав победил во Битката кај Бар против Византија и Дукља станала независна држава. Својот подем и просперитет, Дукља ги здобила за време на владеењето на крал Михаило и неговиот син крал Богин. Од XI век државата почнала да се нарекува Кнежевство Зета, но оваа држава завршила со нејзиното инкорпорирање кон Рашка и почетокот на династијата Црноевиќи кога Зета почнала да се нарекува и со денешното име - Црна Гора. Од Отоманското Царство, Црна Гора се одделила во 1878 година. Од 1918 година државата била дел од повеќето политички формации на Југославија, за на 21 мај 2006 година на референдум Црна Гора гласала за независност, додека на 3 јуни истата година независноста и официјално била прогласена.
Според Индексот на човеков развој, Црна Гора е класифицирана како развиена држава. Црна Гора е член на ООН, НАТО, ОБСЕ, Советот на Европа и различни меѓународни организации. Црна Гора е во преговори за членство во ЕУ.
Потекло на поимот
Името Црна Гора за првпат во пишаните извори се појавило во 1296 година во прозивот на српскиот крал Стефан Урош II во контекст на регионот околу Скадарско Езеро.Стара Црна Гора, Јован Ердељановић, 34. стр. Ова име најверојатно потекнува како одлика на регионот околу Ловќен кој бил прекриен со густа шума. Неговото значење се наоѓа во старословенскиот топоним за големи и густи гори или црни шумски предели.
Горноспоменатиот регион станал познат како „Стара Црна Гора“ во XIX век за да се разликува од новоосвоената територија Брда. Црна Гора се зголемила територијално неколкупати до XX век како резултат од војните против Турците, кога Црна Гора ја имала освоено и Стара Херцеговина и делови од Метохија и јужна Рашка. Државата, територијално, многу малку се промена од тогаш, ја изгубила Метохија, а ја добила Бока Которска.
Во италијанските документи Црна Гора за првпат се споменува во 1348 година како Cerna Gora, а додека во Дубровничката Република во 1379 со назив Cernagora.
Името на државата во повеќето западноевропски јазици рефлектира усвојување на италијанско-венецискиот збор monte negro (на модерен италијански тоа е monte nero), што значи „црна гора или планина“, којшто датира од ерата на венециската хегемонија во регионот во средниот век. Останатите јазици, посебно блиските, го користат истото име „Црна Гора“.
Историја
Антички период мини|лево|Илирскиот и римски град Доклеа. Првите забележани жители на територијата на Црна Гора биле Илирите. Во 9 година Римјаните ја освоиле Црна Гора.
Црногорски кнежевства
Во 9 век, на територијата на Црна Гора се наоѓале три словенски кнежевства: Дукља, приближно одговарајќи на јужната половина од земјата, Травунија, на запад, и Рашка на север. Дукља ја стекнала својата независност од Византија во 1042 година. Во текот на следните неколку децении, ја проширила својата територија кон соседните Рашка и Босна, а исто така станала признаена и како царство. Неговата моќ започнала да опаѓа на почетокот на 12 век. По смртта на кралот Бодин (во 1101 или 1108), следеле неколку граѓански војни. Дукља го достигнала својот зенит во времето на синот на Воислав, Михаил (1046-81) и неговиот внук Константин Бодин (1081-1101). До 13 век, Зета ја заменила Дукља. Во доцниот 14 век, јужниот дел на Црна Гора (Зета) стапила под власта на благородното семејство Балшиќ, а Зета се почесто започнала да се нарекува Црна Гора.
Додека благородништвото се борело за престолот, царството било ослабено, а до 1186 година го освоило Стефан Немања и Црна Гора била вклучена во составот на Српското Царство како провинција наречена Зета. Откако Српското Царство се распаднало во втората половина на 14 век, најмоќното семејство Балшиќ станале владетели на Зета.
Во 1421 година, Зета била припоена кон Српското Деспотство, но по 1455 година, уште едно благородно семејство од Зета, Црноевиќи, станале суверени владетели на земјата, што ја направило последната слободна монархија на Балканот пред да падне под власта на Османлиите во 1496 година, и се припои кон Скадарскиот санџакот. За време на владеењето на Црноевиќи, Зета станала позната под нејзиното сегашно име - Црна Гора. Кратко време, Црна Гора постоела како посебен автономни санџак во 1514-1528 (Санџак Црна Гора). Исто така, регионот на Стара Херцеговина била дел од Херцеговина.
Османлиски период
Поголемиот дел од денешна Црна Гора под османлиска власт бил во периодот од 1496 до 1878 додека крајбрежјето било под венецијанска контрола. Денешна Црна Гора била вклучена во Скадарскиот санџак и Босанскиот санџак додека Горна Зета останала независна. Во 1514 година Османлиите зазеле поголем дел од земјата и бил прогласен посебен црногорски санџак а за прв санџакбег бил избран по наредба на Бајазид II, Скендербег Црнојевиќ кој го прифатили исламот. По неговата смрт црногорскиот санџак бил вклучен во составот на Скадарскиот санџак. И покрај тоа што паднала под османлиска власт, Црна Гора главно поради својата географска положба, задржила одреден степен на самостојност. И покрај специјалната автономија, во текот на 17 век во земјата имало поголем број на бунтови, кои кулминирале со поразот на Османлиите во Големата турска војна кон крајот на тој век.
Кнежевство и кралство десно|мини|200п|Никола I Петровиќ, единствениот крал на Кралството Црна Гора
Делови од територијата биле контролирани од страна на Венеција и Првото Француско Царство и Австроунгарија. Во 1515 година, Црна Гора станала теократска држава на чие чело се наоѓале владиките на Црногорската митрополија од династијата Петровиќ-Његош. Сепак, Венеција ги бирала гувернерите во црногорската политика. Републиката била наследена од Австриската империја во 1797 година, а гувернерите биле укинати од страна на принцот-бискупот Петар II во 1832 година. Неговиот претходник Петар I придонел за обединување на Црна Гора.
По смртта на владиката Петар Петровиќ Његош во 1851, тој бил наследен од страна на Данило Петровиќ. Данило се оженил во 1852 и ја одбил својата духовна титула и ја презел титулата кнез и својата земја ја претворил во секуларно кнежевство. По убиството на кнезот Данило во 1860, на престолот дошол Никола Петровиќ на 14 август 1860. Помеѓу 1861 и 1862, Никола водел неуспешна војна против Османлиите , а Црна Гора низ тешки маки ја сочувала својата независност. Кнезот Никола водел многу поуспешна војна против Османлиите во 1875. Османлиско-црногорската војна (1876-1878) довела до конечно протерување на Османлиите од црногорската земја. Како позадина на војната било востанието во Херцеговина и почетокот на Српско-турската војна истата година. Една од најодлучувачките битки била кај Волчиот дол каде османлиските сили имале загуба од 4,000 војници наспроти 70 црногорски војници. По оваа победа битки се воделе и на границата кон Херцеговина и Албанија. На 24 септември бил освоен Никшиќ, а по ова следувале Бар, Улцињ, Грможур итн. Војната завршила со потпишување на примирјето од Едрене меѓу Руската и Османлиското Царство. Територијата на Црна Гора се проширила од 4.405 км2 на 9.475 км2 а по Берлинскиот конгрес земјата добила независност.
Принцот Никола Петровиќ ја прогласисл Црна Гора за кралство на 28 август 1910 година, со што ја подигнал земјата од тогашниот ранг на кнежевство. Тој се прогласил за крал Никола I, а со земјата владеел од 1861 година како принц. Во текот на своето владеење, посебно на почетокот на XX век, тој иницирал неколку реформи за модернизација на земјата, вовел устав и нова валута наречена црногорски перпер.
Балкански и Прва светска војна десно|мини|200п|Српски и црногорски офицери во Ѓаковица, во 1913 година.
На почетокот на XX век, помеѓу балканските држави склучиле воено-политички сојуз за војна против Османлиите. Првичниот договор бил меѓу Грција и Бугарија, ним им се приклучила Србија, а по потпишувањето на спогодбата со Србија, во септември 1912 година, на овој сојуз се приклучила и Црна Гора. Според спогодбата, црногорската војска требала со главниот дел од својата војска да дејствува кон Скадар, северна Албанија и Македонија, а со помалиот дел од војската да се насочи кон Нови Пазар и Санџак. Според направената спогодба меѓу членките на сојузот, до 15 октомври 1912 година, требало да се објави војна на Османлиското Царство. Затоа Црна Гора, според таа спогодба, на 26 септември 1912 година им објавила војна на Османлиите.. По завршувањето на војните, на Меѓународната конференција биле исцртани новите граници на Балканот. Црна Гора, иако не го добила Скадар, добила проширување од околу 5.000 км2. Во нејзиниот состав влегле: Малесија, дел од Новопазарскиот Санџак, дел од Метохија сè до Бел Дрим и градовите: Мојковац, Бијело Поље, Беране, Рожаје, Гусиње, Плав, Пеќ и Ѓаковица. Со новите граници за првапт во новиот век била направена територијална врска меѓу Црна Гора и Србија. Цената за ова била голема – загинале околу 3.100 војници, а околу 6.500 биле ранети. Протерувањето на Османлиското Царство од балканските земји значело губење на важноста и поддршката за Црна Гора од страните земји, првенствено од Русија. Руската политика по 1913 година, јавно и отворено го протежирала својот нов став дека не е потребна заштита на Црна Гора и дека со отстранувањето на Османлиското Царство таа треба да се спои со Србија.
мини|250п|Мојковачката битка, 6-7 јануари 1916 година. мини|250п|Капитулација на црногорската војска во почетокот на 1916 година. Повод за започнување на Првата светска војна бил атентатот врз австроунгарскиот престолонаследник, надвојводата Франц Фердинанд, во Сараево, на 15/28 јуни 1914 година.. Бидејќи Австроунгарија за одговорна за атентатот ја сметала владата на Кралството Србија, таа испратила владина нота со барање до српската влада и таа да учествува во истрагата околу атентатот. Бидејќи српската влада тоа го одбила, истото послужило како повод за објавување на војна на 28 јули 1914 година. Истиот ден кога била објавена војната, кралот Никола спровел мобилизација на војската на Црна Гора. После тоа следеле низа на формални потези: црногорското народно собрание побарало од владата да објави војна на Австроунгарија, а кралот и владата на 6 август, согласно со барањето на собранието, донело одлука за објавување на војна. На почетокот од големиот воен судир, во 1914 година, Црна Гора била една од осумте завојувани земји. лево|мини|200п|Андрија Радовиќ, главниот заговорник за обединување на Црна Гора со Србија.