„Гоја во Бордо“ (шпански: Goya en Burdeos) е филм од 1999 година, режиран од Карлос Саура (Carlos Saura) a снимен од Виторио Стораро (Vittorio Storaro). Филмот има добиено 12 награди, меѓу кои Европска филмска награда (кинематографија), пет шпански филмски награди „Гоја“, меѓу кои за најдобар глумец и кинематографија и награда од фестивалот во Монтреал.IMDb, Goya in Bordeaux (1999) Awards (пристапено на 2.6.2022).
Синопсис Франциско Гоја е во доброволен егзил во Бордо, како протест против апсолутизмот во Шпанија. Во последните денови од неговиот живот, во придружба на неговата последна жена Леосаида и ќерката Росарио, тој се присеќа на изминатиот живот. Режисерот Карлос Саура и снимателот Виторио Сторато ги раскажуваат приказните обидувајќи се да го вметнат сликарството на Гоја во секој кадар.
Наводи
Категорија:Шпански филмови Категорија:Филмови на Карлос Саура Категорија:Филмови на шпански јазик Категорија:Филмови за сликари Категорија:Филмови од 1999 година Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Бордо