мини|Тантал, бакропис од Франциско Гоја Во старогрчката митологија Тантал бил син на Зевс и Плута, ќерката на Хрон и Реја, а според другите тврдења на Океан и Тетија.Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 334 - 335. Тој бил татко на Пелоп и Ниоба. Бил крал на Фригија и имал пристап меѓу боговите, но кога почнал да ги издава нивните тајни, а особено кога им го изнел сопствениот син Пелоп како јадење на трпезата, бил тешко казнет на вечни маки со жед и глад. Во долниот свет морал да стои во вода до грлото, но штом ќе се обидел да се напие, водата се повлекувала, а над главата му висела гранка со јаболко, но штом ќе се обидел да касне од него, тоа се повлекувало, како и карпата па тој постојано се плашел дека ќе падне и дека ќе го убие.Хиган, Митови, Три, Скопје, 2016, стр. 64.
Таканаречени танталови маки претставуваат залуден копнеж по нешто што е сосем блиску, а сепак е недостижно.
Наводи
Категорија:Старогрчка митологија