1261 () — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1261 година од новата ера, 261. од вториот милениум, 61. од XIII век и втора од 1260-тите.
Други календари Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6769 и 6770 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6011 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5021 и 5022 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2014.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт Цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот Цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1261 година се протега во 3897 и 3898, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3957 и 3958 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1804. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 659 и 660 исламска година.
Настани мини|Портрет на Јован IV во ракопис од XV век Јануари - Папа Александар IV ги забранува Флагелантите. 13 март - Договор од Нимфеон, насочен против Латинското Царство, е потпишан помеѓу Република Џенова и Михаил VIII Палеолог, царот на Никејското Царство. 12 јуни - Кралот Хенри III добива папска була, ослободувајќи го од заклетвата за да ги одржи Оксфордските одредби. По овој настан започнала Втората баронска војна. 4 јули - Бајбарс станува нов султан на Мамелучкиот Султанат во Египет. 23 јули - Битка кај Калан: Норманите, на чело со Џон Фицдџералд, се поразени од галските сили. 25 јули - Градот Цариград е освоен од силите под команда на Алексиј Стратигопул, со што Латинското Царство престанува да постои а повторно била воспоставена Византија. 15 август - Никејскиот владетел Михаил VIII Палеолог е крунисан во византиски цар во Цариград. 29 август - Папа Урбан IV го наследува папа Александар IV како 182-тиот папа. 25 декември - 11-годишниот Јован IV Ласкарис е ослепен по наредбата на неговиот братучед и номиналниот ко-владетел на Византија, Михаил VIII Палеолог, во Никеја. Населението на Гренланд го прифаќа Кралот на Норвешка како свој. Ливонска крстоносна војна: Естонските сили се поразени од Ливонскиот ред во нивното востание. Манастир Вурмсбах е основан во Швајцарија. Бајбарис воспоставува калифат во Каиро. Бела IV ја одбива татарската инвазија. Кублај-кан, кој седнал на престолот минатата година, ослободува 75 кинески трговци од заробеништво.
Родени 1 февруари - Валтер де Степледон, англиски бискуп (п. 1326) 11 февруари - Отон III, војвода од Баварија (п. 1312) 28 февруари - Маргарита Шкотска (п. 1283) 1 март - Хју Ле Депенсер, Прв Ерл од Винчестер (п. 1326) 25 јули - Артур II, војвода од Бретања (п. 1312) 9 октомври - Денис Португалски (п. 1325) непоозната дата Боемунд VII, гроф од Триполи (п. 1287) Принц Даниел Московски, син на Александар Невски (п. 1303) Албертино Мусато, италијански државник и писател (п. 1329) Владислав I Краткиот, крал на Полска (п. 1333) Константин Палеолог, византиски принц и генерал (п. 1306)
Починале
28 февруари - Хајнрих III, војвода од Брабант 25 мај - Папа Александар IV 8 јули - Адолф IV, гроф од Шауенбург Септември - Плезанција Антиохиска , кралица на Кипар 18 септември - Конрад фон Хохштаден, архиепископ на Келн 9 ноември - Санча Прованска, кралица на Германија непоозната дата Ан-Насир Давуд, султан од Дамаск и емир од Керак Патријарх Никифор II Цариградски
Наводи
Надворешни врски
61261