мини|250п|Регионите на Филипините Филипините се поделени на 17 региони (); кои првенствено служат за усогласување и планирање на државните служби во единиците на локална самоуправа. Највеќето државни служби ги нудат своите услуги во регионални, наместо во покраински или градски ограноци. Тие обично се сместени во регионалните центри.

Од вкупно 17 региони, 16 се обични управни регионални единици со кои раководат совети за регионален развој. Покрај тоа, Националниот Престолнински Округ (Метро Манила), има и метрополска управа. Само автономниот регион Бангсаморо во сместен во Муслимански Минданао има сопствена влада и парламент со свои овластувања и должности ополномоштена од државниот конгрес.

Историја Регионите се воведени на 24 септември 1972 г. кога покраините се распределени во единаесет региони со указ на претседателот Фердинанд Маркос. Оттогаш наваму се создадени уште региони, а некои покраини се префрлени од еден регион во друг.

Региони Место Регион Островскагрупа Седиште Составни единици Површина(км2) Население(2020) Густина(жит/км2) Национален Престолнински 13 Лусон Манила 619,57 20.784 Кордиљера 14 Лусон Багио 19.422,03 89 Илокос 01 Лусон Сан Фернандо 13.012,60 386 Кагајанска Долина 02 Лусон Тугегарао 28.228,83 122 Централен Лусон 03 Лусон Сан Фернандо 22.014,63 510 Калабарсон 04 Лусон Каламба 16.873,31 854 Југозападен Тагалски 17 Лусон Калапан 29.620,90 100 Бикол 05 Лусон Легаспи 18.155,82 319 Западни Висаи 06 Висајски О-ви Илоило 20.794,18 362 Централни Висаи 07 Висајски О-ви Себу 15.487,69 478 Источни Висаи 08 Висајски О-ви Таклобан 23.251,10 191 Полуостров Самбоанга 09 Минданао Пагадијан 17.056,73 213 Северен Минданао 10 Минданао Кагајан де Оро 20.496,02 229 Давао 11 Минданао Давао 20.357,42 245 Сокксксарген 12 Минданао Коронадал 22.513,30 202 Карага 16 Минданао Бутуан 21.478,35 121 Бангсаморо 19 Минданао Котабато 12.535,79 302 Белешки

Поврзано Покраини на Филипините Административна поделба на Филипините

Наводи

Надворешни врски

Филипински завод за статистика

Категорија:Административна поделба на Филипините