Зулу (самон. исизулу) е банту-јазик, службен јазик на Јужноафриканската Република и мајчин јазик на народот Зулу. Јазикот го зборуваат околу 10 милиони луѓе, претежно во Јужноафриканската Република. Овој јазик е јазик кој најмногу се зборува по домаќинствата во државата, односно го зборуваат околу 24% од домаќинствата и го разбираат околу 50% од населението на државата. Во 1994 година јазикот станал единаесетти службен јазик во ЈАР. Зулу, како и сите останати банту-јазици, користи латиница како свое основно писмо.

Географска распространетост Зулу припаѓа на Југоисточната група на банту-јазиците поточно на групата нгунски јазици. Јазикот се зборува во Квазулу-Натал во која 81 % од населението зборуваат зулу како мајчин јазик. Потоа се зборува во Мпумаланга со околу 26% и Гаутенг со околу 21%. Исто така е зборуван во некои други африкански држави, но со значителен процент во Лесото и Свазиленд. Јазиците ндебеле (зборувани во Зимбабве), сисвати (свази) и нгуни (порано зборуван во Малави) се сродни јазици на зулу и настанати од XIX век со селидба на зулу-население. Јазикот коса е доминантен во Зелено’ртската Република и е сличен со зулу.

Примери Sawubona Здраво, на една личност Sanibonani Здраво, на група луѓе Unjani? / Ninjani? Како си? / Како сте? Ngisaphila / Sisaphila Добар сум. / Добри сме. Ngiyabonga (kakhulu) Благодарам (многу) Ngubani igama lakho? Како се викаш? Igama lami ngu... Моето име е... Isikhathi sithini? Колку е часот? Ngingakusiza? Може да помогнам? Uhlala kuphi? Каде престојуваш? Uphumaphi? Од каде си? Hamba kahle / Sala kahle Оди со добро / Остани со добро (исто како „пријатно“ за една личност) Hambani kahle / Salani kahle Оди со добро / Остани со добро (исто како „пријатно“ за група личности) Eish! леле! Hhayibo Не! / Доста! / Нема шанси! Yebo Да Cha Не Angazi Не знам Ukhuluma isiNgisi na? Дали зборуваш англиски? Ngisaqala ukufunda isiZulu Штотуку почнав да учам Зулу.

Користена литература Зулу и материјали на страницата на UCLA

Надворешни врски

Запис за Зулу на Ethnologue Фрази на Зулу на Википатување Јужноафрикански јазици - Зулу Краток список фрази на англиски, Зулу и јапонски Основни зборови на Зулу Граматика на Зулу Материјали за Зулу isiZulu.net Зулу-англиски речник Зулу-англиски речник

Категорија:Аглутинативни јазици Категорија:Јазици во Јужноафриканската Република