„Секула се претворил во змија“ (српски: Секула се у змију претворио) — српска епска (јуначка) песна.

Содржина Војводата Јанко Сибињанин се подготвува да замине за Косово, заедно со внукот Секула. Сестрите на Секула го молат војводата да не го зема младиот Секула, кој е решен да го придружува вујко си Јанко. Патем, тие среќаваат неколку девојки на кои Јанко им бара платно, а тие во замена бараат да им го даде Секула. Јанко ги одбива и девојките го проколнуваат. По пристигнувањето во Косово, војводата Јанко легнува да поспие, а Секула му кажува дека ќе се претвори во летечка змија за да појде во турскиот табор и да му го донесе турскиот цар при што го предупредува да не стрела во змијата, туку во соколот. По некое време, на шаторот во кој спие војводата Јанко слетува змија која фатила сокол, а коаг војниците го будат војводата, тој ја убива змијата со стрела, а соколот бега во турскиот табор. Дури тогаш, Јанко сфаќа дека го убил внукот Секула, кој пред да умре го замолува да го закопаат покрај патот за да ги слушне коњите и јунаците за време на претстојната битка.„Секула се у змију претворио“, во: Црнојевићи, Бранковићи и Јакшићи. Београд: Народна књига, 1965, стр. 92-95.

Наводи

Категорија: Српски епски песни