Колин Маклoрин ; ; февруари 1698 година – 14 јуни 1746) бил шкотски математичар кој дал значаен придонес во геометријата и алгебрата. Тој е познат и како чудо од дете и го држи рекордот за најмлад професор. Редот на Маклорин, посебен случај на Тејлоровиот ред, е наречен по него.
Поради промените во правописот од тогаш (неговото име првично било напишано како M'Laurine), неговото презиме алтернативно се пишува како MacLaurin.
Ран живот Колин Маклорин бил роден во Килмодан, Шкотска, и бил најмалото од три деца. Неговиот татко, Џон Маклорин, свештеник, умрел додека Маклорин бил сеуште доенче, а неговата мајка умрела кога имал девет години. Потоа бил изгледан од неговиот чичко, Даниел Маклорин.
Академска кариера На единаесет години, Маклорин, чудо од дете во тоа време, се запишал на Универзитетот во Глазгов. Три години подоцна дипломирал како магистер по уметности, бранејќи ја тезата за Моќта на гравитацијата и останал во Глазгов да студира теологија сè до 19-годишна возраст, кога бил избран за професор по математика на десетдневниот натпревар на колеџот и универзитетот „Маришал“ во Абердин. Овој рекорд, како најмлад професор во светот, траел до февруари 2008 година, кога Алија Сабур била назначена за професор во Јужна Кореја во времетреање од една година.
За време на одморите во 1719 и 1721 година, Маклорин отишол во Лондон, каде што се запознал со Исак Њутн, Бенџамин Хоудли, Семјуел Кларк, Мартин Фолкс и други филозофи. Тој бил примен за член на Кралското друштво.
Во 1722 година, откако обезбедил за својот клас во Абердин привремен наставник што го заменувал, тој отпатувал на континентот како тутор на Џорџ Хјум, син на Александар Хјум, вториот гроф од Марчмонт. За време на нивниот престој во Лорена, тој го напишал својот есеј за перкусијата на телата (Demonstration des loix du choc des corps), за кој ја добил наградата на Кралската академија на науките во 1724 година. По смртта на неговиот ученик во Монпелје, Маклорaн се вратил во Абердин.
Во 1725 година, Маклорин бил назначен за заменик на професорот по математика на Универзитетот во Единбург, Џејмс Грегори (брат на Дејвид Грегори и внук на почитуваниот Џејмс Грегори), по препорака на Исак Њутн. На 3 ноември истата година, Маклорин го наследил Грегори и продолжил да го подигнува карактерот на тој универзитет како училиште за наука. Њутн бил толку импресиониран од Маклорaн што понудил самиот да му ја исплати платата.
Придонеси во математиката
Маклорин во неговиот „Трактат за флуксиони“ го употребувал Тејлоровиот ред за да ги карактеризира максимумите, минимумите и точките на инфлексија за бесконечно диференцијабилни функции. Маклорин го припишал редот на Брук Тејлор, иако редот претходно им бил познат на Њутн и Грегори. Сепак, Маклорин добил признание за неговата употреба на редот, а редот на Тејлор, развиен околу 0, понекогаш е познат како ред на Маклорин.
Маклорин, исто така, дал значаен придонес проучувањето на гравитационото привлекување на елипсоидите, тема што дополнително го привлекла вниманието на д'Аламбер, А.-К. Клеро, Ојлер, Лаплас, Лежандр, Поасон и Гаус. Маклорин покажал дека сплеснат сфероид е можна рамнотежна состојба во Њутновата теорија за гравитација. Темата продолжила да биде од научен интерес, а добитникот на Нобелова награда Субраманјан Чандрасекар посветил едно поглавје од својата книга „Елипсоидни фигури на рамнотежа“ на Маклориновите сфероиди. Маклорин се допишувал опширно со Клеро, Моперти и Д'Орту де Меран .
Независно од Ојлер и користејќи ги истите методи, Маклорин ја открил Ојлер-Маклориновата формула. Тој ја користел за да собира степени на аритметичката прогресија, да ја изведува Стирлинговата формула и да ги изведува формулите за нумеричка интеграција на Њутн-Коутс, што го вклучува Симпсоновото правило како посебен случај.
Маклорин придонел во проучувањето на елиптичните интеграли, сведувајќи многу нерешливи интеграли на проблеми на наоѓање лакови за хиперболи. Неговата работа ја продолжиле Д'Аламбер и Ојлер, кои дале поконцизен пристап.
Во својот „Трактат за алгебра“ (Глава XII, дел 86), објавен во 1748 година, две години по неговата смрт, Маклорин докажал правило за решавање на квадратни линеарни системи во случаи на 2 и 3 непознати, и го дискутирал случајот за 4 непознати. Ова објавување било за две години порано од објавувањето на Крамер за генерализацијата на истото правило за n непознати, сега општо познато како Крамерово правило.
Личен живот
Во 1733 година, Маклорин се оженил со Ана Стјуарт, ќерка на Волтер Стјуарт, генералниот обвинител на Шкотска, со која имал седум деца. Неговиот најстар син Џон Мaклорин студирал право, бил сенатор на Колеџот за правда и станал лорд Дрегорн; тој бил и коосновач на Кралското друштво од Единбург.
Маклорин активно се спротивставил на востанието на Јакобитите од 1745 година и ги надгледувал потребните операции за одбрана на Единбург од армијата на Хајленд. Маклорин составил дневник за своите напори против Јакобитите, и во градот и надвор од него. Меѓутоа, кога војската на Хајленд влегла во градот, тој избегал во Јорк, каде што бил поканет да престојува од надбискупот на Јорк.
На своето патување кон југ, Маклорин паднал од коњот, а заморот, вознемиреноста и студот на кои бил изложен во таа прилика влијаеле за развој на водена болест кај него. Тој се вратил во Единбург откако јакобитската војска одмарширала на југ, но починал набргу по враќањето.
Тој бил погребан во Грејфрајарс Киркјард, Единбург . На едноставниот камен за маса било едноставно напишано „C. M. Nat MDCXCVIII Ob MDCCXLVI“ и тој се наоѓал близу југозападниот агол на црквата. Бил дополнет со позначаен споменик на надворешниот ѕид на црквата.
Математичарот и поранешниот претседател на МИТ, Ричард Кокбурн Маклорин, бил од истото семејство.
Друштвото Маклорин (MacSoc), Друштвото за математика и статистика на Универзитетот во Глазгов, била именувано во негова чест.
Улицата Колин Маклорин во рамките на комплексот Кингс Билдингс на Универзитетот во Единбург била именувана во негова чест.
Значајни дела Некои од неговите значајни дела се:
Колин Маклорин било името што се користело за новата зграда за математика и актуарска математика и статистика на Универзитетот Хериот-Ват во Единбург.
Поврзано
Теорема на Брајкенриџ-Маклорин Трисектриса на Маклаурин Секстика на Кејли Крамеров парадокс Хесеова конфигурација Синусоидна спирала
Наводи
Извори
Андерсон, Вилијам, Шкотската нација, Единбург, 1867, том. VII, стр. 37. Бол, В. В. Рауз (1908) Краток осврт на историјата на математиката (4то изд.). стр. 384-387. Преземено на 20 јануари, 2008 година. „Преглед на Колин Маклорин“. Гaзетер за Шкотска. Факултет за гeонауки на Универзитетот во Единбург. Преземено на 20 јануари 2008 година. Фридман, Ерих „Колин Маклорин“. Периодичен ситем за математичари. Стетсон Универзитет. Архивирано од оригинал на 14 фебруари. Преземено на 20 јануaри 2008 година. Сагенг, Ерик, 2005, „Трактат за флуксиони“ во Гратан-Гинис, I., изд., Значајни дела во западната математика. Елсевиер: 143–58. Тведл, Иан (ноември 1998) „Бодликавиот гениј Колин Маклорин (1698-1746)“. (PDF). Математички гласник. 82 (495). Лестер: Математичка асоцијација: 373–378. doi:10.2307/3619883. JSTOR 3619883. Архивирано од оригинал (PDF) на 31 октомври 2007. Преземено на 20 јануари 2008.
Дополнително читање
Брус А. Хедман, „Необичните текстуални проблеми на Колин Маклорин“, College Mathematics Journal 31 (2000), 286–288. Бруно, Оливје (2011) Колин Маклорин, математичката истрајност на еден њутновец. Универзитетски печат на Нанси. Сагенг, Ерик (2006) „Маклорин, Колин“ Оксфордски речник на национална биографија (онлајн изд.). Печат на Оксфордскиот универзитет. doi:10.1093/ref:odnb/17643.
Категорија:Починати во 1746 година Категорија:Родени во 1698 година Категорија:Статии со hCards