Алберт Риера Ортега (роден на 15 април 1982) — шпански фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред. Во моментов ја води екипата на Црвена ѕвезда.

Биографија Неговиот помал брат, Сито, исто така е фудбалер.

Во 2009 година, Риера се оженил со русинката Јулија Королева, со која има три деца. Тие се разделиле во 2023 година.

Клупска кариера Мајорка Роден во Манакор, на Балеарските Острови, Риера ја започнал својата професионална кариера во клубот од неговиот роден град Мајорка. Своето деби за првиот тим го имал на 25 февруари 2001 година под водството на тренерот Луис Арагонес, влегувајќи како замена во 71-вата минута за Луис Карерас во поразот со 2–1 на гостувањето кај Расинг Сантандер во Примера Дивисион, а својот прв гол го постигнал на 27 мај, кога откако влегол од клупата за резервни играчи го заокружил домашниот триумф со 4–0 над , со што бил обезбеден пласман во Лигата на шампионите. Во првите две сезони одиграл вкупно 17 натпревари и постигнал три гола.

Во сезоната 2002-2003, веќе како неприкосновен стартер, Риера му помогнал на локалниот тим да ја освои титулата во Купот на Шпанија, и постигнал четири гола во 35 настапи во првенството.

Бордо Во летото 2003 година, Риера се преселил во Бордо. Во текот на двегодишниот престој со „жирондинците“,, тој одиграл 66 натпревари во сите натпреварувања и постигнал девет гола; од нив, пет ги постигнал во Купот на УЕФА 2003-2004, каде Бордо стигнал далеку до четвртфиналето во кое биле елиминирани од подоцнежниот освојувач Валенсија.

Еспањол и Манчестер Сити Риера се вратил во Шпанија во 2005 година, кога потпишал за Еспањол. Тој одиграл само осум првенствени натпревари во неговата прва сезона, по што во јануари 2006 година, бил испратен на позајмица во Манчестер Сити, Сепак, во Англија доживеал ново разочарување, повторно не успевајќи да се избори за место во тимот. Шестмесечната позајмица ја завршил со вкупно 19 настапи помеѓу првенството и ФА купот, а својот единствен гол го постигнал против во победата со 3–0 на домашен терен против Њукасл Јунајтед на 1 февруари.

Риера се вратил во Каталонија пред почетокот на сезоната 2006–2007, во која Еспањол успеал да стигне до финалето на Купот на УЕФА на Хампден Парк во Глазгов. Во тој натпревар против другата шпанска екипа, Севиља, Риера постигнал гол со кој го израмнил резултатот на 1–1, но неговиот тим на крајот загубил по изведување нa пенали. На крајот од сезоната, тој го продолжил договорот до 2011 година. Вкупно во дресот на Еспањол одиграл 94 натпревари и постигнал 12 гола.

Ливерпул thumb|upright|Риера (лево) играјќи за Ливерпул во 2009 На 1 септември 2008 година (последниот ден од преодниот рок), Риера потпишал четиригодишен договор со Ливерпул кој за него платил обештетување од 8 милиони фунти. Дебитирал во Премиер лигата на 13 септември, играјќи 71 минута во победата со 2–1 на домашен терен против Манчестер Јунајтед, а својот прв гол за „црвените“ го постигнал на 18 октомври, во победата со 3–2 над Виган Атлетик, по што постигнал уште еден во победата со 3–1 на гостувањето кај во групната фаза на Лигата на шампионите. Риера го постигнал првиот гол на Ливерпул за 2009 година, отворајќи го резултатот на 3 јануари во победата со 2-0 над во третото коло на ФА купот. Подоцна таа сезона, на 22 март 2009 година, тој постигнал гол и во убедливата домашна победа од 5–0 над во лигата, погодувајќи со удар од полуволеј по едно долго додавање од голманот Пепе Реина.

На 18 март 2010 година, Риера бил суспендиран поради коментарите што ги дал за шпанските медиуми во врска со неговите можности да настапува за првиот тим и пристапот на менаџерот Рафаел Бенитес. Играчот бил цитиран како рекол: „Тој никогаш не решил некоја ситуација со играч разговарајќи со него.“ По овие коментари, Риера бил ставен на трансфер-листата, а руските клубови ЦСКА Москва и Спартак Москва биле заинтересирани да го ангажираат. На 23 март, било објавено дека Ливерпул ја прифатил понудата од 6 милиони фунти од ЦСКА Москва за играчот. Сепак, се покажало дека станувало збор само за гласини, бидејќи интересот официјално бил демантиран; дополнително, агентот на играчот, Анхел Кастелс, потврдил дека само Спартак Москва доставил конкретна понуда.

Олимпијакос На 23 јули 2010 година, Риера потпишал четиригодишен договор со грчкиот клуб Олимпијакос. Вредноста на трансферот изнесувала околу 6 милиони евра (4 милиони евра, плус додатни потенцијални 2 милиони евра во бонуси), со плата од околу 2,5 милиони евра по сезона; така, тој станал еден од најскапите трансфери во историјата на земјата, соединувајќи се во клубот со својот поранешен тренер од Еспањол, Ернесто Валверде.

Риера го постигнал својот прв гол против Керкира во победата со 2–0 на домашен терен. Сезоната ја завршил со 28 настапи и 6 гола во сите натпреварувања, придонесувајќи тимот од Пиреј да ја освои титулата во грчкото првенство.

Галатасарај

На 3 септември 2011 година, Риера го комплетирал трансферот вреден 3 милиони евра во турскиот клуб Галатасарај, потпишувајќи четиригодишен договор. Својот прв гол во Суперлигата на Турција го постигнал на 25 јануари 2012 година, во победата со 4–0 на домашен терен против Анкарагуџу, и бил стандарден првотимец во неговата прва сезона, во која со тимот од Истанбул ја освоил националната титула; сепак, тој исто така, бил вмешан во физичка пресметка со соиграчот Фелипе Мело непосредно пред почетокот на плејофот.

Пред почетокот на следната сезона, по доаѓањето на талентираниот Нордин Амрабат, Риера бил прекомандуван од тренерот Фатих Терим во одбраната играјќи на позицијата лев бек, главно поради недостигот на други опции на таа позиција, освен често повредениот Хакан Балта. На 28 јануари 2014 година, во вземна согласност со клубот Риера го раскинал договорот со Галатасарај заминувајќи си од таму со оштета од 750.000.

Удинезе и Вотфорд На 24 март 2014 година, Риера потпиша преддоговор со италијанскиот клуб , кој требало да стапи во сила на 1 јули. Три дена подоцна, тој се вратил во Англија каде му се приклучил на во Чемпионшип до крајот на сезоната 2013-2014 Риера одиграл 8 натпревари за „стршлените“ и постигнал еден гол во победата со 3-1 на домашен терен над на 19 април 2014. Неговото искуство со Вотфорд завршило неславно, откако во својот последен натпревар за клубот тој бил исклучен поради добивање на втор жолт картон после остар старт врз Диего Појет во поразот со 3–1 на гостувањето кај Чарлтон Атлетик. По натпреварот, тој бил обвинет од страна на ФА за недолично однесување, откако се соочил со службените лица и морал да биде одвлечен од нив од страна на своите соиграчи; поради ова му била изречена суспензија од два натпревари, иако до крајот на сезоната останал само уште еден натпревар, по што тој се вратил во Удинезе.

Подоцнежните години од кариерата На 29 ноември 2014 година, Риера бил отпуштен од Удинезе без ниту еден настап за клубот, затоа што присуствувал на покер турнир наместо да се пријави за настап во натпреварот против Кјево, а исто така преку Twitter ја навредувал организацијата. На 5 март 2015 година, тој се вратил во својот прв клуб, Мајорка, откако се договорил со нив за едноиполгодишен договор. Сепак, во мај истата година, против него била покрената дисциплинска постапка откако изјавил дека повеќе нема да настапува за тимот сè додека Микел Солер е тренер.

На 11 септември 2015 година, словенскиот спортски весник Ekipa објавил дека Риера ќе потпише договор со Заврч. Три дена подоцна, тој бил официјално претставен во клубот.

Риера го раскинал договорот на 22 јануари 2016 година, но останал во земјата, бидејќи набргу потоа му се приклучил на Копер до јуни 2018 година. Тој му се приклучил на тимот и како помошник спортски директор, а забележал и еден настап во натпреварот против Приморје во вториот дел од сезоната; потоа бил суспендиран од тренинзите, а неговиот договор бил еднострано раскинат во јули 2016 година.

Репрезентативна кариера Риера играл за младите шпански репрезентации под 19 и под 21 година.

На 13 октомври 2007 година, дебитирал за сениорската репрезентација постигнувајќи гол со удар од далечина во победата со 1-3 во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2008 против во Орхус. Иако забележал два настапи во квалификациите, тој не бил во конечниот список со играчи кои ја претставувале Шпанија на Европското првенство 2008, на кое нацијата и триумфирала.

Тој продолжил да добива повремени повици во репрезентацијата и во следниот квалификациски циклус за Светското првенство 2010, но ниту овојпат не бил повикан за завршниот турнир во Јужна Африка.

Во летото 2009 година, тој бил избран од селекторот Висенте дел Боске во составот за Купот на конфедерации 2009. Тој забележал четири настапи за турнирот, а репрезентацијата го освоила третото место.

Хронологија на репрезентативните настапи

Тренерска кариера На 24 јануари 2018 година, Риера официјално објавил дека ја завршува својата играчка фудбалска кариера преку објава на социјалните мрежи на која бил прикажан како буквално ги обесил своите копачки на едно дрво. Во 2019 година, се стекнал со УЕФА Про лиценца, а во август следната година се вратил во Галатасарај како асистент-тренер на Фатих Терим. Во јануари 2022 година, се вратил на Турк Телеком Арена за да работи заедно со својот сонародник Доменек Торент.

На 4 јули 2022 година, Риера се вратил во највисоката словенечка лига, откако бил назначен за тренер на Олимпија Љубљана. На неговата прва прес-конференција, Риера бил принуден да си замине поради притисокот од ултрасите на Олимпија, Green Dragons, кои биле незадоволни од отпуштањето на неговиот претходник Роберт Просинечки. Дебитирал на клупата три дена подоцна во натпреварот на домашен терен против Диферданж 03 во првото квалификациско коло од УЕФА Лига на конференции, завршен со резултат 1–1, а за Олимпија да го мине двомечот во реваншот и било потребно продолжение. Неговиот тим го започнал првенството на 14 јули со домашна победа од 2–0 над Мура, по што следувале уште седум победи, што бил најдобриот старт на клубот од 1994 година. Риера на крајот ја предводел Олимпија до титулата во националното првенство, нивната прва титула од 2018 година, откако со 2–0 го совладале вечниот ривал Марибор, на пет кола пред крајот. На тоа, клубот придодал уште еден успех комплетирајќи ја двојната круна по победата над Марибор во Купот на Словенија со гол од пенал во 130-тата минута, кој го реализираше Тими Макс Елшник. За своите достигнувања, Риера бил прогласен за Тренер на годината во Словенија; сепак, на церемонијата објавил дека не му била понудена нова соработка и дека ќе си замине по истекот на договорот, на крајот на мај.

На 20 јули 2023 година, два дена пред почетокот на новата сезона, Риера официјално бил претставен како тренер на Цеље, исто така во највисокото ниво на словенечкиот фудбал. На своето деби три дена подоцна, неговиот тим одиграл нерешено 2–2 на гостувањето кај Алуминиј. Тој го напуштил клубот на 11 октомври, кога тој се наоѓал на врвот на табелата по 11 одиграни кола: го водел тимот на вкупно 17 натпревари, од кој особено се издвојува елиминацијата на португалскиот клуб Виторија Гимараеш во втората квалификациска рунда на УЕФА Лигата на конференции.

Ден подоцна по заминувањето од Цеље, Риера станал нов тренер на Бордо – тогаш во Лига 2 – враќајќи се во клубот 18 години по неговиот играчки ангажман и потпишувајќи договор до јуни 2025 година. Неговото деби било на 21 октомври во поразот со 2–0 на гостувањето кај Анже. Риера го освоил 12-тото место со Бордо на крајот од сезоната, но клубот административно бил исфрлен во Националното првенство и прогласил банкрот пред почетокот на новата сезона.