Роберт Џејмс Даглас Греам ФРСЕ (1884–1950) бил шкотски ботаничар.

Живот Бил роден на 20 јули 1884 година во Перт, син на д-р Џон Томас Греам. Неговото семејство живеело на адресата Атол Кресент број 4 во Перт. Се школувал на Академијата во Перт, а потоа студирал на Универзитетот Сент Ендрус, каде што магистрирал во 1904 година.

Од 1910 до 1914 година работел како економски ботаничар во Индиската земјоделска служба. Во Првата светска војна служел како потполковник во резервниот состав на индиската армија. Во 1919 и 1920 година бил директор за земјоделство во Месопотамија. Во 1921 година тој отишол на Универзитетот во Единбург како предавач по ботаника.

Во 1924 година бил избран за член на Кралското друштво во Единбург. Негови предлагачи беа Сер Вилијам Рајт Смит, Фредерик Орпен Бауер, Сер Д'Арси Вентворт Томпсон и Роберт Кемпбел. Тој служел во друштвото како секретар од 1939 до 1944 година и потпретседател од 1944 до 1947 година.

Во 1934 година станал професор по ботаника на Универзитетот Сент Ендрус.

Починал во Сент Ендрус на 3 септември 1950 година.

Семејство Тој бил во брак со Јохана (Оона) М. Рид.

Наводи

Категорија:Членови на Кралското друштво на Единбург Категорија:Починати во 1950 година Категорија:Родени во 1884 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки