Џоан Винифред Криб (анг: Joan Winifred Cribb; родена Херберт, р. , Бризбејн, Квинсленд – п. ) — австралиска ботаничарка и миколог.
Живот и кариера Џоан Винифред Херберт е родена во Бризбејн, Квинсленд, ќерка на ботаничарите Вера и Дезмонд Херберт. Дипломирала на Квинслендовиот универзитет со диплома за наука со почести и магистратура по наука. Таа се омажила за колегата ботаничар Алан Криб во 1954 година, а неколку години подоцна му се придружила на Квинслендовиот универзитет како предавач и тутор со скратено работно време.
Криб специализирала во гастероидни габи, опишувајќи дваесет и еден нов вид во таа група, како и четиринаесет нови видови морски габи. Повеќе од 45 години Џоан Криб патувала низ Квинсленд откривајќи и евидентирајќи гастеромицети. Таа и нејзиниот сопруг, исто така, истражувале габи што живеат во алги, пронајдени во морските живеалишта и регистрирале појави на слатководни габи во водните подрачја на Квинсленд.
Криб била наградена со Австралискиот медал за природна историја во 1994 година. На одбележувањето на Денот на Австралија во 2020 година, таа била наградена со медал на Редот на Австралија за „служба на високото образование како ботаничар и на заедницата“.
Криб починала на 17 октомври 2023 година, на 93-годишна возраст.
Секотиоидните габи од родот Cribbea биле именувани по неа. Видови габи именувани по неа се Hymenogaster cribbiae и Stephanospora cribbae.
Наводи
Категорија:Починати во 2023 година Категорија:Родени во 1930 година
Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Жени ботаничарки Категорија:Австралиски ботаничари Категорија:Миколози