Брајан Лоренс „Бил“ Барт (анг: Brian Laurence Burtt; р. – п. ) — англиски ботаничар и таксоном кој е познат по своите придонеси кон семејството Gesneriaceae. Во неговата 74 годишна кариера, тој работел прво во Кралските ботанички градини во Кју, а потоа во Кралската ботаничка градина во Единбург. Тој направил бројни теренски патувања во Јужна Африка и Саравак и опишал вкупно 637 нови растителни видови.

Образование и кариера Брајан Лоренс Барт, познат на колегите како Бил, е роден на 27 август 1913 година во Клејгејт, Сари, како син на Мејбл Џонстон и Лоренс Бакли Барт. Се школувал на колеџот Далвич, каде што одлично се изучувал латински јазик. По Далвич, тој се вработил во Кралски ботанички градини во Кју како асистент за хербариум кај директорот Артур Вилијам Хил. Тука научил да работи со сушен растителен материјал од целиот свет, макотрпно дисецирајќи и класифицирајќи. Барт го напишал својот прв труд во 1932 година со помош на Џон Хачинсон, авторитетот за јужноафриканските растенија. Ова бил првиот од 384 трудови, а последниот бил објавен во 2006 година.

Друг негов труд се појавил во 1935 година, коавтор на кој бил директорот, Артур Вилијам Хил, а се занимавал со два рода од Нов Зеланд, Тасманија и Австралија, Gaultheria и Pernettya. Тој посетувал ноќни часови по ботаника на Политехничкиот универзитет во Челзи, а во 1936 година се стекнал со диплома по биологија од Лондонскиот универзитет.

Во Кралската ботаничка градина Единбург не се работело на ѓумбири сè до 1960-тите, додека Барт и Пади Вудс не испатувале во Саравак по нивно собирање. До 1980-тите, Кралската ботаничка градина Единбург биле водечки во светот по нивната обемна жива колекција на ѓумбири од Малезија и Борнео, а во последните години била конкурентна со онаа на Смитсоновата установа.

Во 1962 година, Берт го напуштил Единбург на првото од петте напорни патувања за собирање примероци во Саравак. Тој ја направил првата од 19-те посети на Јужна Африка во 1964 година, за да го собере и проучи Streptocarpus. Тука се запознал со колешката ботаничарка Олив Хилијард од Наталскиот универзитет и започнал соработка која траела околу 44 години.

Нивната ботаничка соработка била извонредно плодна, што резултирало со бројни трудови и три книги, „Streptocarpus: студија за африкански растенија“ (1971), „Ботаниката на јужниот Натал Дракенсберг“ (1987) и „Dierama: Ѕвончињата на Африка“ (1991). Тие ја ревидирале таксономијата на Diascia, јужноафрикански член на струпници. Со примероците на Diascia со кои се вратиле во Шкотска биле забележани од расадникот Хектор Харисон, кој одгледувал сорти од овој вид и за десет години го претворил растението во еден од најпопуларните членови за градинарите низ цела Британија.

Преку работата на Берт, Единбург станал важен истражувачки центар за Gesneriaceae и довел до популарност во Британија на африканската темјанушка и Streptocarpus како растенија за прозорски прагови. Друго омилено семејство биле ѓумбирите, меѓу кои се ѓумбирот, куркумата, кардамонот и некои видови од медицински интерес.

Почести и награди Во 2003 година, Единбуршкиот журнал за ботаника објавил меморијален прирачник во чест на неговиот 90-ти роденден, вклучувајќи бројни прилози од пријатели и колеги од целиот свет. Атрактивен дрворезен Aeschynanthus од Сулавеси, Aeschynanthus burttii Mendum, бил именуван во негова чест.

Берт бил член на Единбуршкото кралско друштво и Линеевското друштво во Лондон, како и носител на Вејчовиот меморијален медал од Кралското хортикултурно друштво, Ботаничкиот медал од Линеевското друштво во Лондон и Наградата за благодарност од Геснеријадвото друштво.

Личен живот Барт бил во брак со Џојс Дотри во 1942 година, со која имал два сина. Тие се разделиле во 1960-тите, а по долгата врска со Олив Хилијард, Берт се оженил со неа во 2006 година. Починал на 30 мај 2008 година во Лоунхед, Мидлотијан, Шкотска.

Поврзано

:Категорија:Таксон именуван од Брајан Лоренс Берт

Наводи

Категорија:Членови на Линеевското друштво во Лондон Категорија:Членови на Кралското друштво на Единбург Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Апсолвенти на Лондонскиот универзитет Категорија:Починати во 2008 година Категорија:Родени во 1913 година Категорија:Англиски ботаничари