Џозеф Карсон бил роден на 19 април 1808 година, Филаделфија, а за жал починал на 30 декември 1876 година. Џозеф бил американски лекар и медицински ботаничар.
Биографија Тој исто така се школувал приватно во Филаделфија.Потоа дипломирал на Универзитетот во Пенсилванија во 1826 година, а на Медицинскиот факултет на Универзитетот во 1830 година. Тој започнал со пракса во 1832 година, во која акцентот бил ставен на акушерството. Тој студирал ботаника во текот на целиот свој живот. Од 1836 до 1850 година, тој потоа станал професор по материја медика на Фармацевтскиот колеџ во Филаделфија. Карсон држел слична катедра на Универзитетот во Пенсилванија од 1850 до 1876 година. Во 1870 година тој бил претседател на националната конвенција за ревизија на Фармакопејата на Соединетите Американски Држави.Тој потоа бил избран за член на Американското филозофско друштво во 1844 година.
Дела Неколку години тој бил заменик-уредник на Американскиот журнал за фармација. Тој ги уредувал „Елементи на материја медика“ (1843; второ издание, 2 тома, 1845) од Џонатан Переира и „Материја медика и терапевтика“ (1847) од Џ. Форбс Ројл; ги објавил „Илустрации на медицинска ботаника “ (1847) во кои придонел со многу цртежи.
Семејство Тој се оженил со Мери Годард во 1841 година и со Мери Холингсворт во 1848 година. Со второто тој имал четири деца.
Наводи
Категорија:Американски ботаничари Категорија:Починати во 1876 година Категорија:Родени во 1808 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки