Елка Кордич ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Од септември 1944 година, иако малолетна, стапила во единиците на Четвртата македонска бригада во базата на Бел Камен. Претходно била ангажирана во пренесување писма, партиски материјали, летоци и покани за состаноци. Пренесувала пошта од Битола до село Братин Дол, агитирала меѓу жените и младинките за учество во НОД, собирала храна, облека, оружје и муниција и ги чувала.
Зела учество во подготовките за исфрлување на Првиот партизански одред во битолскиот крај. За време на една провала во летото 1942 година успеала да сокрие илегален материјал. Одржувала врска со илегалците и затворениците, организирала жени и младинки за приготвување храна и облека и ги доставувала на затворениците. По капитулацијата на Италија собирала и купувала војничка опрема, ја складирала во својот дом и го ставила на располагање на НОВ.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ