Костадинка Контевска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис За време на окупацијата живеела во селото и била симпатизер на НОД. Од есента 1942 година, по задача на партиската организација, собирала храна и облека. Својот дом го ставила на располагање на Месниот Комитет, и во него престојувале илегалци. Активно работела со жените од Галичник за нивно учество во НОД. Пренесувала илегален материјал и пораки од основната организација до членовите на реонскиот комитет на КПМ.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ