Хенри Натаниел Ендрјус Помладиот (анг: Henry Nathaniel Andrews; роден на 15 јуни 1910 година, Мелроуз, Масачусетс, починал на 3 март 2002 година, Конкорд, Њу Хемпшир) — американски палеоботаничар, кој бил признат како експерт за растенија од девонскиот и карбонскиот период. Тој бил член на Американското геолошко друштво и на Американското здружение за унапредување на науката и бил избран во Националната академија на науките на САД во 1975 година. Работел како професор на Вашингтонскиот универзитетот во Сент Луис од 1940 до 1964 година и палеоботаничар во Мисуриската ботаничката градина од 1947 до 1964 година. Од 1964 до пензионирањето во 1975 година, Ендрус работел на Конектикатскиот универзитет, каде што бил раководител на одделот за ботаника на факултетот, а подоцна бил раководител на Одделот за систематика и животна средина.

Наводи

Категорија:Професори на Конектикатскиот универзитет Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Членови на Американското здружение за унапредување на науката Категорија:Американски палеонтолози Категорија:Починати во 2002 година Категорија:Родени во 1910 година Категорија:Статии со hCards

Категорија:Ботаничари со авторски кратенки