Мечката и куклата () — француска романтична комедија од 1970 година, режирана од Мишел Девил, со Брижит Бардо и Жан-Пјер Касел во главните улоги. Се одвива во текот на 24 часа, кога богата, убава и своеглава жена од Париз е решена да заведе мирољубив музичар на село, кој изгледа незаинтересиран за нејзиниот значителен шарм.
Содржина Фелиција, енергична и друштвена жена, едно утро на село со позајмен автомобил „Ролс-Ројс“ удира во автомобилот на Гаспар, мирен виолончелист кој се грижи за својот мал син и трите внуки. По враќањето во Париз, таа сфаќа дека не го пополнила задолжителниот формулар за пријавување на сообраќајната несреќа и поголемиот дел од денот го поминува обидувајќи се да го пронајде виолончелистот.
Кога конечно успева да го пронајде, Фелиција го поканува на забавата што ја организира во својата градска вила по повод нејзиниот последен развод. Бидејќи Гаспар не сака да остане, Фелиција, веќе под дејство на алкохол и расположена за забава, го вози по дождот назад до неговиот дом. Таму тој се обидува да ја отрезни, а бидејќи таа е целосно натопена од дождот, ја става во топла када....
Улоги
Брижит Бардо како Фелиција Жан-Пјер Касел како Гаспар Даниел Чекалди како Иван Џорџ Клес Патрик Жил како Титус Жулиен Вердие како Табард Клод Ботеак како Милот Жан Леско Оливие Стро како Артур Патриша Дармон како Мариет Сабин Одепен како Џули Валери Стро Клод Џетер како хипи девојка
Продукција Филмот бил инспириран од американските шкртбол комедии од 1930-тите и бил напишан имајќи ја предвид Катрин Денев. На Ален Делон и Жан Пол Белмондо им била понудена главната машка улога, но ја одбиле. Снимањето се одвивало во летото 1969 година.
Рецензии Винсент Канби од Њујорк тајмс напишал дека: "Филмот главно се потпира на „срамежливи филмски постапки“, меѓу кои ги издвојува лошите детски глумци, бришачите на шофершајбната кои коментираат за дејството, големото, но кротко куче, сијамската мачка по име Прудом и постојаните мали расправии меѓу вљубените, преку кои се прикажува нивната меѓусебна наклонетост. Канби заклучил дека шармот е особено дефицитарна состојка во Мечката и куклата, што, според него, во голема мера се должи на Брижит Бардо, која, откако некогаш била „сексуално привлечна млада актерка“, сега се приближувала кон средната возраст „со грациозност на искусен предатор“.
Наводи
Надворешни врски
Мечката и куклата на Premiere France Категорија:Статии со извори на француски (fr) Категорија:Филмови од 1970 година Категорија:Француски филмови Категорија:Филмови со Брижит Бардо