„Благодарната земја (од дневникот)“ (руски: Благодарная почва) — расказ на рускиот писател Лав Толстој. Расказот е започнат на 21.6.1909 во Мешќерско, а завршен на 9.7.1909 во Јасна Полјана.

Содржина Одејќи да се сретне со својот другар Чертков, раскажувачот патем го среќава младиот и вреден селанец Александар и започнува разговор за селскиот живот. Притоа, тој го советува селанецот да се откаже од пиењето алкохол, а тој го прифаќа советот и ветува дека ќе го послуша. Вечерта, Александар навистина доаѓа на имотот на раскажувачот за да ја земе брошурата за алкохолизмот при што му кажува дека наесне треба да се ожени. Расказот заврпува со тврдењето дека општествената елита го упропастува чесниот народ, нудејќи му само неморален, празен и злосторнички живот.Лав Николајевич Толстој, Хаџи Мурат и друге приповетке. Просвета - Рад, Београд, 1983, стр. 433-440.

Наводи

Категорија:Дела на Лав Толстој Категорија:Руски раскази