Џон Ханер Лукуми Бониља (роден на 26 јуни 1998, во Кали) — колумбиски фудбалер, играч од одбраната на Јувентус и на колумбиската репрезентација.
Технички карактеристики Левоног централен одбранбен играч со силни физички предиспозиции, вешт во воздухот, елегантен во движењата и способен да гради акции од задната линија. Може да игра и во средниот ред како медијано.
Клупска кариера Депортиво Кали и Генк Лукуми ја започнал својата кариера во родниот град Кали, приклучувајќи му се на локалниот клуб Депортиво Кали во 2015 година. Како продукт на младинската школа, тој го направил своето деби за првиот тим на 26 септември 2015 година, во првенствениот натпревар добиен со 2-1 против Кортулуа. Набрзо во следните години, тој постепено се етаблирал како ветувачки млад дефанзивец, но поради две операции на десното колено, не успеал да има континуитет во текот на четирите години поминати во клубот, завршувајќи го своето играчко искуство во Колумбија со вкупно 59 настапи.
Во јули 2018 година, Лукуми бил купен од белгискиот клуб , кој во касата на колумбискиот клуб уплатил 200.000 евра. Во првата сезона, првично ги започнува натпреварите од клупата, но подоцна станал стандарден првотимец и придонесува за освојувањето на првенството. Во следните сезони, станува еден од столбовите на одбраната на Генк, и покрај младата возраст, при што во два наврати е прогласен и за „Најдобар дефанзивец во белгиското првенство“. На 17 септември 2019 година, го направил своето деби во Лигата на шампионите во поразот со 6-2 од , во кој го постигнал и својот прв гол за клубот.
Во завршните часови на летниот трансфер-период во 2021 година, Лукуми постигнал договор за трансфер во , која требало да му исплати на Генк 20 милиони евра. Сепак, трансферот не бил реализиран поради задоцнување од 22 минути при доставувањето на документацијата. Тој останал во Генк уште една сезона, завршувајќи го своето искуство во клубот после вкупно 137 настапи и 3 гола.
Болоња Во летото 2022 година, Лукуми потпишал за , во трансфер вреден околу 8 милиони евра. Дебитирал во Серија А на 27 август, започнувајќи во натпреварот загубен со 2-0 на гостувањето кај Милан. На 27 ноември 2024 година, го постигнал својот прв гол за „рособлу“ во домашниот натпревар од Лигата на шампионите против Лил, со кој привремено израмнил на 1-1 во натпреварот кој на крајот тој и соиграчите го загубиле со 1-2. На 14 мај 2025 година, започнувајќи и играјќи го целиот натпревар во финалето добиено со 1-0 против Милан, тој го освоил Купот на Италија, со што трофејот се вратил во Болоња по 51 година. На 9 ноември 2025 година, го постигнал својот прв гол во Серија А во својот 104-ти настап, во победата со 2-0 над Наполи. По четири сезони поминати во Болоња, во кои бил стандарден првотимец и забележал вкупно 152 настапи и 2 гола во сите натпреварувања, тој го напуштил клубот од Емилија-Ромања на една година пред истекот на неговиот договор.
Јувентус На 17 август 2026 година, тој бил купен од за околу 20 милиони евра, со кого потпишал договор со важност до 30 јуни 2030 година.
Репрезентативна кариера Лукуми играл за колумбиската репрезентација под 17 години, пред да дебитира за сениорската репрезентација на 4 јуни 2019 година, во пријателски натпревар против . Подоцна истиот месец, тој бил вклучен во составот на репрезентацијата за Копа Америка 2019 во Бразил, каде што направил еден настап, играјќи во натпреварот од групната фаза против .
Во следните години, тој бил повикан за уште два турнири на Копа Америка, повторно во Бразил 2021 и во САД 2024, на кои заедно запишал само еден настап и тоа на вториот турнир, повторно во натпревар против Парагвај во групната фаза.
На 10 октомври 2025 година, тој го постигнал својот прв гол со дресот на репрезентацијата во победата со 0-4 над во пријателски натпревар.
На 25 мај 2026 година, тој бил избран во конечниот состав од 26 играчи на селекторот Нестор Лоренцо за Светското првенство 2026. Своето деби на Мундијалот го имал како стартер на 17 јуни во победата од 3-1 над Узбекистан. Тој ги одиграл сите пет натпревари на Колумбија на турнирот, која стигнала до осминафиналето губејќи на пенали од , и бил пофален за своите изведби како ја предводел одбраната на Колумбија која на целиот турнир примила само еден гол.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 29 август 2026.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2015 Депортиво Кали А 6+2Fase Final. 0 КК 0 0 - - - - - - 8 0 2016 А 4 0 КК 0 0 КЛ 1 0 СК 1 0 6 0 2017 А 10+1 0 КК 7 0 КС 1Nei turni preliminari. 0 - - - 19 0 јан.-јун. 2018 А 16+2 0 КК - - КС 2 0 - - - 20 0Вкупно Депортиво Кали 41 0 7 0 4 0 1 0 53 0 2018-2019 ПЛ 10+7Play-off. 0 КБ 2 0 ЛЕ 85 настапи во квалификациските кола. 0 - - - 27 0 2019-2020 ПЛ 22 1 КБ 1 0 ЛШ 6 1 СБ 0 0 29 2 2020-2021 ПЛ 32+6 0 КБ 3 0 - - - - - - 41 0 2021-2022 ПЛ 24+5 1+0 КБ 1 0 ЛШ+ЛЕ 2+5 0 СБ - - 37 1 јул.-авг. 2022 ПЛ 3 0 КБ - - - - - - - - 3 0Вкупно Генк 109 2 7 0 21 1 0 0 137 3 авг. 2022-2023 А 33 0 КИ 1 0 - - - - - - 34 0 2023-2024 А 29 0 КИ 2 0 - - - - - - 31 0 2024-2025 А 32 0 КИ 5 0 ЛШ 7 1 - - - 44 1 2025-2026 А 29 1 КИ 2 0 ЛЕ 10 0 СИ 2 0 43 1Вкупно Болоња 123 1 10 0 17 1 2 0 152 2 2026-2027 А 1 0 КИ - - ЛЕ - - - - - 1 0Вкупно во кариерата 274 3 24 0 42 2 3 0 343 5
Титули Клупски Генк Белгиско првенство : 1 2018-2019 Куп на Белгија : 1 2020-2021 Суперкуп на Белгија : 1 2019
Болоња Куп на Италија : 1 2024-2025
Наводи
Надворешни врски
Џон Лукуми на soccerway Џон Лукуми на transfermakt Џон Лукуми на espn Џон Лукуми на whoscored
Категорија:Колумбиски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Депортиво Кали Категорија:Фудбалери на ФК Генк Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1998 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026