Свети Ѓорѓи — главна селска црква во кумановското село Канарево, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во маалото Поповци II и околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Историја
Црквата била подигната по Првата светска војна. Претходно, на истото место се наоѓала постара трошна црква, која се срушила. Таа била подигната од предците на родот Баба Достанини.
Според натпис поставен кај камениот крст пред влезот на црквата, истата била подигната во 1929 година и била обновена во 2018 година.
Галерија
Поврзано Кумановско-кратовско архијерејско намесништво Карпинско-жегљанска парохија Канарево
Наводи
Надворешни врски
Канарево