Dichodon cerastoides е вид цветно растение од семејството каранфили. Се наоѓа во планините на Европа.
Во Македонија расте по влажни места, тресетишта и длабоки почви во високопланинскиот појас, од 1800 до 2600 метри надморска височина.
Опис Многугодишно растение, високо 5-15 см, со многубројни ползечки стерилни гранчиња, кои лесно се вкоренуваат. Листовите се светлозелени, обично се долги околу 1 см, голи или по работ со тенки влакна. Цветовите се групирани во едноцветни до троцветни дихазиуми. Чашкините ливчиња се долги 4-6 мм, голи во основата со жлездести влакна, тапи и со цилии по работ. Венечните ливчиња се бели.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Либан Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија