Arenaria conferta ― едногодишно или двегодишно цветно растение од семејството каранфили Caryophyllaceae.

Во Македонија расте по планинските каменливи почви.

Опис Едногодишно, поретко двегодишно растение, од основата силно разгрането. Стебленцата се вертикални, до 15 см високи, тенки, сивозелени, влакнести, круглести, силно разгранети во областа на соцветието. Листовите се елиптични или обратно јајцевидни, а цветовите се групирани во збиени соцветија. Венечните ливчиња се бели.

Наводи

Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија