Амброаз Паре (; Бур-Ерсан, близу Лавал, Франција, ок. 1510 — Париз, 20 декември 1590) — француски хирург, кој се смета за еден од татковците на современата медицина.
Животопис Амброаз Паре е роден во 1510 г. во Бур-Ерсан, блиску Лавал, во семејство на сиромашен мајстор за сандаци. Родителите одлучиле да му дадат занает што, според нивните сфаќања, би му овозможил живот без грижи. Така тој заминал на учење кај бербер што практикувал во гратчето Анже.
Кога Паре наполнил 17 години, заминал во Париз, каде што се запишал во медицинското училиште (1529), слушал предавања на Колеж де Франс и учел практична работа во болницата Отел-Дје де Пари (Клинички оддел на Медицинскиот факултет при Парискиот универзитет). По завршувањето на двегодишното училиште за хирурзи во Отел-Дје, стекнал звање хирург (1536) и заминал на Театарот на воените дејствија во Италија (1537) како бербер и хирург во француската армија. Од тој миг започнал да учествува во воени кампањи и самостојно да ги лекува ранетите.
По враќањето од армијата во 1539 г., Паре го положил испитот за звањето „мајстор бербер хирург“. Во 1545 г., користејќи го искуството од своите набљудувања, ја издал книгата Како да се лекуваат огнострелните рани, како и раните нанесени со стрели, копја и др.“, во која ја отфрлил дотогаш доминантната теорија за отровноста на производите од согорувањето на барутот и целосно се откажал од користењето врело масло при лечењето на рани. Книгата била напишана на француски јазик бидејќи авторот не знаел латински. Поради достапноста на изложувањето и корисната содржина, трудот добил широка распространетост.
Амброаз Паре бил убеден хугенот, но поради неговиот висок авторитет во 1552 г. бил примен на кралска служба во дворот. Паре бил дворски хирург при кралевите Анри II, Франсоа II, Шарл IX и Анри III. Од 1 јануари 1562 г., Паре официјално бил именуван за прв хирург на кралот (Premier Chirurgien du Roy). Токму оваа најзначајна титула за тоа време ги предводила неговите бројни книги што дошле до нашите денови. Според раширената легенда, за време на Вартоломејската ноќ (1572), хугенот Паре бил спасен од Шарл IX, кој наредил да го заклучат блискиот лекар во една од просториите на дворецот.
Медицински достигнувања мини|Ернест Борд — Амброаз Паре ја користи лигатурата за време на отсекување
Паре е автор на низа иновации во областа на лечењето на раните, како и на пронаоѓањето и усовршувањето на хируршките инструменти и протезите. Амброаз Паре го вовел зафаќањето на крвните садови со инструменти и нивното лигирање. Во средниот век, отсекувањето на екстремитетите обично се вршело со жежок нож. Ова го запирало крварењето, но предизвикувало изгореници на ткивото на остатокот со последователна гангрена. Паре предложил при отсекувањето да се ослободат големите садови и да се врзат со свилен конец.
Паре го создал учењето за огнострелните рани и, докажувајќи дека тие спаѓаат во групата нагмечени, а не отровни рани, се откажал од начините на лекување што ја влошувале траумата (прелевањата на раните со врело масло). Во хируршката пракса ги вовел операциите за корекција на зајачка уста, го развил методот за реконструкција на расцепеното непце („волчја уста“), и предложил користење вештачки екстремитети (протези). Во акушерството го применил и опишал вртењето на нога (овој метод, како и лигирањето на садовите во хирургијата, бил применуван од поединечни лекари во Стара Индија и птоломејскиот Египет, но бил заборавен во средниот век), како и царски рез при смрт на родилката. Тој опишал многу случаи на истерични растројства и излекувал многу болни.
Наводи
Надворешни врски
Statue of Ambroise Paré, Place du Jet d'eau in Laval, France Page through a virtual copy of Paré's Oeuvres . Bezoar stone story on pages 186–7. Paré not a huguenot on page 84 Famous Surgeons in History
Категорија:Родени во 1510-тите Категорија:Починати во 1590 година Категорија:Француски хирурзи Категорија:Француски лекари Категорија:Починати во Париз Категорија:Починати на 20 декември