Ranunculus degenii — вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae.
Неговиот домороден опсег е во Европа, а расте и во Македонија по влажни мочурливи места и тресетишта во субалсппскиот појас. Познат е само за Шар Планина, Кораб и Дешат.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 136, МАНУ, Скопје, 1985
Опис Многугодишно растение. Ризомот тенок и кус, вертикален и слабо наклонет, делумно обвиен со обвивка од нежни фибри. Стеблото е високо 8-20 см, голо, со еден цвет. Листовите се голи, базалните листови 1-5, со долги дршки, надворешните во основата се со широки ципести ракавци. Цветот е жолт, во пречник до 25 мм.
Наводи
Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа