Consolida ambigua е едногодишно растение кое припаѓа на родот Consolida од семејството лутичиња.
Опис Едногодишно тревесто растение високо до 100 см со прилегнати влакна. Долните листови се со куси дршки, а горните приседнати, повеќепати пересто населени на тенки линејни делови. Соцветието е разгрането, гроздовидно. Цветовите се со куси дршки, светловиолетово-сини по боја, поретко се розови.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 103-104, МАНУ, Скопје, 1985
Во Македонија Во Македонија расте по влажни места покрај реки и потоци, по ниви и на варовнички камењари. Доста распространето растение, и се среќава на многу места: Скопска Црна Гора, клисурата на реката Треска, Кумановско, Градско, Прилепско, Гевгелиско, Охридско, клисурата на реката Радика, кај село Бањиште, подножјето на Кораб и др.
Наводи
Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија