Свети Никола — главна селска црква во струшкото село Мороишта, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во средишниот дел на старото село, околу која се наоѓаат селските гробишта.

Историја

Црквата најпрвин била подигната како многу мала градба („како соба“) пред крајот на турската власт. Нејзината изградба била попречувана од турската власт, но со помош на селските аги изградбата на храмот завршила. Во 1924 година, на истото место била изградена денешната голема црква, која по својот лик е единствена во Струшко.

Според други извори, истата била градена во периодот 1926-1936.

Црквата била осветена на 5 мај 1985 година од страна на митрополитот Дебарско-кичевско г. Тимотеј.

Архитектура

Градбата на црквата е крстокуполна со западна галерија. Црквата поседува и други бројни придружни архитектонски објекти.

Црквата е во добра состојба.

Фрескоживопис

Нема податоци за тоа кога била насликана во внатрешноста. Состојбата на живописот е во задоволителна состојба.

Галерија

Поврзано Струшко архијерејско намесништво Четврта струшка парохија Мороишта

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Мороишта