Антонио Ташковски (р. Скопје, 1999 година) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Животопис Антонио Ташковски е роден во 1999 година во градот Скопје, Македонија. Глумец во телевизиски серии и филмови. Настапува и во театарски продукции, меѓу кои се претставите „Замисли нов свет“ (2024), инспирирана од творештвото на Горан Стефановски, и „Три сестри“ (2026) од Антон Павлович Чехов, двете во режија на Нела Витошевиќ, изведени на сцената на Македонскиот народен театар. Настапи и на музичко-сценската манифестација „Глумците пеат“. Покрај актерската кариера, се занимава и со стендап-комедија и создавање хумористични содржини. Често настапува со актерот и комичар Александар Михајловски, со кого реализира стендап-претстави и хумористични видеа на социјалните мрежи.
Филмографија
Година Филм Улога 2019 Фамилија Марковски ТВ-серија Игор 2022 Мими ТВ-филм Момче во дискотека 2022 Преспав ТВ-серија Гостин 2025 Утре наутро ТВ-филм Филип 2026 Чаршија ТВ-серија 2026 Утре Наутро ТВ-серија Филип
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Македонски глумици Категорија:Македонски комичари