Глумците пеат — македонска музичко-сценска манифестација основана во 1992 година по идеја на актерот Марин Бабиќ, со цел да се одбележува Светскиот ден на театарот (27 Март) преку музичка програма во која професионални актери настапуваат како пејачи. Во текот на годините, манифестацијата прераснала во една од најпрепознатливите театарско-музички приредби во Македонија.

Историја

Глумците пеат е македонска музичко-сценска манифестација основана во 1992 година по идеја на актерот Марин Бабиќ, со цел да се одбележува Светскиот ден на театарот (27 март) преку музичка програма во која професионални актери настапуваат како пејачи. Во текот на годините, манифестацијата прераснала во една од најпрепознатливите театарско-музички приредби во Македонија.

На првото издание во 1992 година, прв актер што настапил на сцената бил Владимир Ангеловски-Дади, со што официјално било означено започнувањето на манифестацијата. Во следните години, на сцената настапувале голем број истакнати македонски актери, меѓу кои Марин Бабиќ, Владимир Ангеловски-Дади, Ѓокица Лукаревски, Благоја Чоревски, Драган Спасов-Дац, Весна Петрушевска, Димче Мешковски, Лазе Манасковски, Игор Џамбазов, Гоце Тодоровски, Снежана Конеска Руси, Ванчо Петрушевски, Диме Илиев, Тања Кочовска, Мите Грозданов, Сабина Ајрула-Тозија, Магдалена Ризова-Черних, Марија Кондовска и други актери од Македонскиот народен театар, Драмски театар – Скопје, Турски театар, Народниот театар – Битола, Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп и други професионални театри.

Од 1992 до 2006 година, „Глумците пеат“ се одржувале како традиционална годишна манифестација, при што секое издание било со нов тематски концепт, нов репертоар и оригинални сценски изведби. По изданието во 2006 година, манифестацијата престанала да се организира, по што следувала пауза од 17 години.

По смртта на основачот Марин Бабиќ во 2022 година, неговите ќерки Маја Бабиќ и Ира Бабиќ ја обновиле манифестацијата во соработка со Македонскиот народен театар. Обновеното издание било одржано во 2023 година, во режија на Дејан Пројковски, а музичкиот дел бил под водство на диригентот Љупчо Мирковски. На сцената настапиле Ѓокица Лукаревски, Анастас Тановски, Весна Петрушевска, Тања Кочовска, Рубенс Муратовски, Жарко Димоски, Дритон Вејсели, Гордана Ендровска, Маја Андоновска-Илијевски, Арна Шијак, Нина Деан, Тина Трпкоска, Горан Трифуновски, Петар Горко, Горан Ников како и бројни други актери од македонските театри.

Во 2026 година, манифестацијата била посветена на македонската музика. На сцената настапиле повеќе од 50 уметници, меѓу кои Игор Ангелов, Рубенс Муратовски, Весна Петрушевска, Билјана Драгичевиќ-Пројковска, Петар Горко, Сања Арсовска, Катерина Илиевска-Силјановска, Калина Наумовска, Марина Поп Панкова, Слаѓана Вујошевиќ, Маја Андоновска-Илијевски, Гордана Ендровска, Емилија Мицевска, Трајанка Илиева-Велиќ, Нина Деан, Наталија Теодосиева, Тина Трпкоска, Нина Елзесер, Ања Митиќ, Антонио Ташковски, Жарко Димоски и Горан Ников, а за првпат учествувале Владимир Петровиќ, Григор Јовановски, Стефан Спасов, Денис Абдула, Анастасија Трајковска и Катерина Јовановиќ.

Категорија:Македонски манифестации