Rosa deseglisei е вид цветно растение од семејството Рози, по потекло од Европа, северозападна Африка и Ирак. Повеќето стручњаци го сметаат за подвид или сорта на Rosa corymbifera или Rosa canina.
Опис Грмушесто растение 1,5-2 м високо. Стеблата со трња круглести во пресек чија основа е малку надолжно проширена, младите гранчиња со приличен број трња. Листовите со 5-7 ливчиња,на двата краја заострени 20-40 мм долги, 10-25 мм широки, по работ просто или двојно напилени, запчињата на врвот со жлезди, на горната страна голи, на долната страна со ретки влакна или голи, а по средината и страничните жлезди со густи прилегнати влакна. Лисната дршка и рахисот влакнести и со жлезди, а по рахисот и неколку мали трнчиња. Прилисниците широко-крилести, голи, и со жлезди по работ. Прицветниците широко-копјести, голи или со ретки влакна.
Цветовите поединечни, цветната дршка 12-20 мм долга, со жлездести четини. Надворешните чашкините ливчиња пересто насечени, со линејни-копјести сегменти и со жлезди по врвовите на линејните запчиња. Столпчињата влакнести, куси, збиени и формираат едно топчесто образување. Дискусот конусовиден. Плодот црвен, во долната половина или по целата површина со жлездести четини, поретко гол.
Распространетост во Македонија Расте по брдски пасишта, врз варовник. Позната е за Таорската Клисура, клисурите на реките Тополка и Бабуна, Прилеп - Козјак.
Наводи
Категорија:Флора на Ирак Категорија:Флора на Украина Категорија:Флора на Финска Категорија:Флора на Велс Категорија:Флора на Алжир Категорија:Флора на Мароко Категорија:Роза Категорија:Флора на Македонија