Marsilea quadrifolia е тревесто растение кое природно се среќава во централна и јужна Европа, Кавказ, западен Сибир, Авганистан, југозападна Индија, Кина, Јапонија и Виетнам, иако се смета за плевел во некои делови од Соединетите Американски Држави, каде што е добро воспоставена на североисток повеќе од 100 години. Не е вид детелина.

Опис Овој вид водна папрат има четириделни листови слични на „детелина со четири листа“ (Trifolium). Листовите пловат во длабока вода или се исправени во плитка вода или на копно.

Стеблото е долго и ползечко, слабо разгрането, на горната страна со листови во два реда, а на долната со разгранети корења. Листовите се голи, со дршки долги 7-20 см, секој лист со четири ливчиња како кај детелина, а ливчињата се долги 1-2 см.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 74-75, МАНУ, Скопје, 1985

Во Македонија Во Македонија расте по влажни и мочурливи места, по оризишта, канали и покрај езера. Ова е широко распространето растение, и обично ги населува потоплите места. Се среќава во крајбрежниот регион на Дојранско Езеро, Моноспитовско Блато, Кочанско, Штипско и Битолско.

Употреба На некои места се користи како храна повеќе од 3000 години. Се вели дека растението делува противвоспалително, диуретично, и како антипиретик.

Наводи

Надворешни врски

Природни аквариуми Ботаничко друштво на Конектикат - добри фотографии Archived фотографии Флора на Северна Америка - корисни информации за идентификација

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Водни растенија Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Авганистан Категорија:Флора на Европа Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија