Етненски жедник () — вид едногодишно цветно тревесто растение кое припаѓа на родот жедник (Sedum) од семејството на дебелците (Crassulaceae).
Опис и распространетост Ова е сивкасто растение, разгрането од коренот, високо 2-6 см, со исправени гранчиња. Неговите листови се поставени спирално, насочени нагоре и прилепени до стеблото, полуцилиндрични, долги 3-4 мм, копјести, со назабени рабови и белузлав шилест израсток во нивната основа. Цветовите се 4 или 5-члени, малобројни и се појавуваат во пазувите на листовите. Ливчињата на чашката се долги околу 4 мм, копјести, со врв кој е заострен и рабови со ресести израстоци. Венечните ливчиња се долги 2-2,5 мм, со бела или розова боја, заострени на врвот и покуси од чашкините ливчиња. Има 4 или 5 прашници кои се пократки од венечните ливчиња. Мешунчињата имаат темноцрвена боја.
Во Македонија расте на тревести, каменливи места и на песочни почви. Се среќава во Дојранскиот регион, кај селото Николич.
Варијабилност Видот е поделен на следниве подвидови:
Sedum aetnense aetnense Sedum aetnense aranjuezii
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Жедник Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа