Daphne blagayana е вид цветно растение од родот Daphne. Прв пат било опишано во 1837 година од Хајнрих Фрејер во близина на Полхов Градец (сега североисточна Словенија) и именувано по ботаничарот Рихард Благај.

Опис Зимзелено, ниско, грмушесто растение до 30 цм високо. Стебленцата во основата полегнати, а потоа со лачно искривување вертикално се издигнуваат, во долниот дел без листови, кафеави, со прилегнати влакна.

Листовите обично собрани по врвовите на гранчињата каде што се погусто збиени и формираат образување слично на розета. Тие се голи, кожести, светликави, долгнавесто-елиптични до долгнавесто-обратно-јајцевидни, 3-6 цм долги, на врвот тапи, најшироки во средината на горната половина, кон основата постепено се стеснуваат приседнати. Горната страна интензивно зелена, а долната сивкасто-зелена и матова.

Цветовите жолтеникаво-бели, крупни, во голем број и групирани во термални главичести соцветија со многу куси дршки, речиси приседнати, и групирани по неколку на заедничка подолга дршка.

Прицветниците до 10мм долги, со густи, прилегнати сребренести влакна, надворешните долгнавесто-јајцести, а внатрешните лиејно-копјести.

Перијантот 15-20 мм долг, цилиндричен, со густи прилегнати влакна, до половина насечен на 4 елиптични или јајцевидни слободни делови кои можат да бидат и до 7 мм долги, голи.

Плодникот влакнест на куса дршка и со кусо столпче. Плодот костелка со месест бледожолтеникав егзокарп.

Хемиски и лековити својства Растенијата од овој вид се користат за медицински цели бидејќи се покажало дека имаат антиоксидантни својства, корисни во лекувањето на кожни заболувања, забоболка и маларија, а може да се користат и како природен лаксатив или антикоагуланс. Цитокините директно вклучени во воспалителниот одговор се намалуваат, при што се добива антимикробен ефект.

Распространетост во Македонија Daphne blagayana во Македонија расте по четинарските и разретчени букови шуми. Позната е за Ниџе, Кожуф, и тоа за с. Мајден и Висока Чука.

Наводи

Категорија:Растенија опишани во 1838 година Категорија:Флора на Македонија