Свети Никола Касниѕки () — средновековна црква во градот Костур, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.

Историја Црквата била подигната во XI век или околу средината на XII век. Според ктиторскиот натпис, храмот го носи името на благородникот Никифор Касниѕис. Натписот гласи:

Во 1924 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.

Архитектура Градбата претставува мала еднокорабна базилика со припрата. Ѕидаријата и керамопластичните украси се во клоазонски стил. Хоризонталните слоеви се изработени од двојни или тројни керамички плочи, а меѓу грубо обработените варовнички камења има керамички блокови, кои образуваат декоративни геометриски шари, а на врвот има фриз од глинени плочки со врежани дијагонални линии. Според овие одлики, спаѓа под групата на класичните византиски цркви во Костур.

Црквата била обновена во 1952 г.

Фрескоживопис Надворешноста на црквата некогаш била живописана околу источниот ѕид и влезот. Внатрешниот живопис е со висок квалитет и наликува на вториот слој на храмот „Св. Бессребреници“. На источната страна, во конхата на апсидата се претставени сцените Пресв. Богородица Поширока од небесата, Благовештение и Дејзис. Останатите сцени се поделени на три зони. Во првата се прикажани светци во цел раст, во која преовладуваат воените светители, поради занимањето на ктиторот. Во втората зона има допојасни претстави на светци, а во третата има сцени од Дванаесетте големи празници. Во средниот дел од западниот ѕид доминира сцената Успение на Пресв. Богородица. Иконографската програма на припратата е посветена на Св. Никола. Ктиторот е претставен на источниот ѕид од нартексот заедно со неговата сопруга Ана, подарувајќи модел на црквата на светецот-заштитник.

Стилот покажува посветеност кон монументални композиции, но истовремено покажува и внимание кон индивидуалните фигури. Оваа иконографска шема станала модел за подоцнежните цркви, главно од XIV и XV век.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Цркви во Костур Категорија:Цркви во Костурската епархија Категорија:Споменици на културата во Костур Категорија:Појавено во 13 век