Каменик (; ) — планина во Епир, на границата меѓу Албанија и Грција. Практично претставува продолжеток на Грамошта, иако се смета за посебна планина.

Опис Каменик е планински масив во северозападниот дел на Јанинско, дел од венецот Северен Пинд. По планината минува албанско-грчката граница, граничните пирамиди бр. 26–10, иако најголемиот дел се протега во Грција. На север и североисток е одделена од Грамошта со превојот (1.560 м) Лискач (Грција) – Арза (Албанија) и реката Горгопотамос, десна притока на Коничка Река.

Каменик не припаѓа на масивот Грамошта и покрај тоа што така е означена на повеќе топографски карти, туку претставува одделен комплекс, како што правилно смета месното население. На картата издадена од Воено-географската служба на Грција во 1947 година, јужниот дел на планината е погрешно одбележан под називот Лесковички Планини (Όρη Λεσκοβικίου).

Карпите на планината се флиш, варовници и офиолити.

До врвот се стасува од селата Лискач (980 м) на север или Извор (850 м) на југ за околу 5 часа, или почнувајќи од земјениот планински пат (1.800 м) што води од Врбјани (930 м) до врвовите Стено и Кардари за околу 3 часа. + ВрвовиИмеАлбански/ГрчкиВисочина (м)МестоположбаЗемјаКаменикKamenik, Καμενίκ, Κάμενικ2.042гранична пирамида бр. 11, СтеноΣτενό1.955ЈЗ од Врбјани и ССЗ од ПрисојаниГолоGollо, Γκόλιο, Γκόλο1.934гранична пирамида бр. 10, КардариΚαρδάρι1.880ЈЈЗ од ЛискачТумбаΤούμπα1.780З од ПрисојаниДаборΝταμπόρ1.749Пророк ИлијаΠροφήτης Ηλίας1.661С од ИзворЧелегураShelegur, Τσελεγκούρι, Τσελεγκούρα1.648гранична пирамида бр. 14, МаријаVasha, Μαρία1.637гранична пирамида бр. 20, ПетритисΠετρίτης1.579ЦукесΤσούκες1.542З од Врбјани и Ј од ЛискачПападијаΠαππαδιάς1.519гранична пирамида бр. 16, Ано ЛевкаΆνω Λεύκα1.480гранична пирамида бр. 17, ПиргосΠύργος1.419С од СтаричаниКато ЛевкаΚάτω Λεύκα1.243ГорицаΓκόριτσα, Γκορίτσα, Γκορτσά1.232Ј од Извор и ЈЗ од ПлавалиМецоравјаниΜετσοράβιανη, Προφήτης Ηλίας1.216СЗ од ПрисојаниАсвестопетраΑσβεστόπετρα 1.197СЗ од СтаричаниЅонинаΡάχη Τζώζινας1.159ЈИ од ВрбјаниАхопетраΑχόπετρα1.020З од СтаричаниХондровуниΧονδροβούνι914СИ од БелтокЦериврехоΤσερίβρεχο800И од Плавали и ЈЗ од СтаричаниКсерокамбаΞερόκαμπα712ЈЗ од БелтокФилипаΦίλιππα712ЈЈЗ од СтаричаниКотаΣκορδίλη633гранична пирамида бр. 26,

Поврзано

Каменик — истоимена планина во Црна Гора

Наводи

Категорија:Планини во Епир Категорија:Планини во Албанија Категорија:Грамошта Категорија:Коница (општина) Категорија:Колоња Категорија:Албанско-грчка граница