Бајазит I (; ), исто така познат како Бајазит Јилдерим (; ; роден околу – починал на во Акшехир), — четвртиот султан на Отоманското Царство во периодот од 28 јуни 1389 до 28 јули 1402. Власта ја презел по Битката на Косово поле и смртта на татко му Мурат I. Тој ја усвоил титулата Султан-и Рум, каде што Рум е арапското име за Источното Римско Царство. Во 1394 година, Бајазит неуспешно го опседнал Цариград. Бајазит ги победил сите Бејлици и продолжил да ја освојува и вазализира целата Анадолија. Во 1402 година, тој повторно го опседнал Цариград, навидум постигнувајќи успех, но на крајот се повлекол поради инвазијата на турко-монголскиот освојувач Тимур.Mango, Cyril. The Oxford History of Byzantium. New York: Oxford UP, 2002. pp. 273–274 Ги победил крстоносците во битката кај Никопол во денешна Бугарија во 1396 година. Подоцна бил поразен и заробен од Тимур во битката кај Анкара во 1402 година и починал во заробеништво во март 1403 година, што го предизвикало османлискиот интеррегнум меѓу неговите синови. Во негово време бил изграден Анадолски Хисар, најстарата отоманска тврдина во денешен Истанбул.
Потекло и детство
Бајазит е роден во 1354 година и бил третиот владетел од Османлиската династија. Тој бил син на Мурат I и Ѓулчичек Хатун, за која се смета дека имала грчко потекло. Според некои извори, најпрвин неговата мајка била сопруга на владетелот на Кајсери, но кога таткото на Мурат, Орхан I во 1344 година го зазел Кајсери, таа била испратена во османлискиот харем, а подоцна и омажена за Мурат I. По примањето на исламот, таа го демонстрирала својата посветеност кон новата вера кога во османлиската престолнина Бурса изградила џамија.
Провинциски управител
Според османлиските обичаи, синовите на султаните биле испраќани да управуваат со провинциските градови. Во 1381 година Бајазит бил испратен во Ќутахија. Во Анадолија, Османлиите како главни противници ги имале емиратите Ертене во Сивас и Караманија со центар во Конија. Неговиот татко не сакал да покрене поход против овие две земји, Во 1375 година Бајазит бил оженет со ќерката на управителот на Гермијана. Кога Османлиите го зазеле емиратот Хамидилија, Караманија објавила војна. Во 1387 година Мурат ги поразил а по таа битка идниот султан Бајазит бил наречен Јилдрим односно муња.
По зацврстувањето на своите позиции во Анадолија, Мурат направил инвазија на Балканот, каде биле заземани Едрене (1369), Сер (1383), Софија (1385), Ниш (1386) и Солун (1387), а по ова се одвила и Косовската битка.
Косовска битка и смртта на Мурат
Во историјата денеска е познато дека во Косовската битка бил убиен султанот Мурат I. Според османлиската традиција, Бајазит го погубил својот брат Јакуб. Еден од везирите на Мехмед II запишал дека Бајазит го погубил бидејќи тоа било неопходно и целта била да се спречи поголемо зло, односно граѓанска војна во земјата. Во почетокот во Западна Европа не знаеле кој од муратовите синови бил избран за нов султан. Во Венеција во јули припремиле делегација која ќе изрази на новиот султан сочувство. Венецијанскиот амбасадор со себе понел две писма, едно за Бајазит а другото за Јакуб.
Се очекувало дека по доаѓањето на власт, новиот султан треба да се повлече кон источниот дел заедно со својата војска. Историски денеска не се познати директните извори за војната помеѓу синовите на Мурат, Бајазит и Јакуб. Познато е дека по смртта на Мурат, неговиот постар син Јакуб се наоѓал во Анадолија, но неприсуството на смртта на неговиот татко му дала голема можност на помалиот Бајазит веднаш да го зазеде престолот. Бидејќи првите познати сребрени монети од Бајазит започнале да се издаваат шест месеци поп Косовската битка. Сите негови монети ја носат датата 792 година според муслиманскиот каленар, или 20 декември 1389 годинаAnton С. SCHAEDLINGER, Osmanische Numismatik, Brunswick (1973), 87. Се смета дека во текот на овие месеци бил убиен Јакуб а Бајазит се зацврстил на султанскиот престол.
Анадолија
Во првите години од своето владеење Бајазит лично го предводел походот против малите емирати во Анадолија. Во времето на Косовската битка, владетелот на Гермијан си ги вратил териториите кои претходно морал да ги предаде на Мурат. Така во 1389 и 1390 година Бајазит ги зазел Сарухан, Ајдин и Гермијан. Единствено Смирна останала надвор од османлиско управување. Како нов владетел на Ефес и Милет, Бајазит започнал да војува со еден од своите главни противници Алаудин. Тој успеал да навлезе во неговата територија и да го опседне главниот град Конија. На ова одговориле останатите емирства на чело со Кастамонија и Сивас, додека Караманија останала неутрална. И покрај антиосманлискиот сојуз, Бајазит ги задржал сите освоени територии а Алаудин ги задржал територииите источно од градот Чаршамбе на брегот од Црно Море.
Според Азиз бин Ардашир, кон почетокот на воената кампања, кон султанската армија се присоединил и Сулејман Паша, владетел на Кастамону. Сулејман најверојатно бил вазал на Бајазит, а односите меѓу двете земји се зајакнале по склучениот брак меѓу отоманската принцеза и близок роднина на СулејманYaşar YÜCEL, „Kastamonu'nun ilk fethine kadar Osmanlı-Candar Münasebetleri", Tarih Arastirmalari Dergisi, 1/1 (1963).. Во текот на овој воен поход, Бајазит постигнал успех, притоа биле заземани Сарухан и земјите на Ајдин, а по ова бил предаден и Бејшехир, како и југозападна Анадолија. Точните дати за овие победи не се сигурни. Венеција на 6 март 1390 година го испратила својот амбасадор кај султанот за потпишување на договори со владетелите на Ајдан у Ментеше во југозападна Анадолија4Elizabeth A. ZACHARIADOU, Trade and Crusade: Venetian Crete and the Emirates of Menteshe and Aydìn, Venice (1983), 77.. Во целина, се смета дека Бајазит и неговата кампања била соста кратка и усупешна.
Византија
Бајазит во голема мера ја искористил династичката војна во Византија и направил сè за да се вмеша во нејзината внатрешна политика. Византија во негово време била сведена на престолнината Цариград и крајбрежјето на Црно Море како и Мореја на Пелопонез. Во Цариград управувал Јован V Палеолог (1341—1391), додека неговиот внук Јован VII Палеолог владеел со областите од Месемврија до Цариград. Со поддршка на Џенова и Османлиите, Јован VII успеал да зазеде неколку градови и да се појави пред ѕидините на Цариград. На стариот император Јован како на помош му дошол Мануил II Палеолог, но и покрај тоа на 14 април 1390 година во градот влегол Јован VII. Јован V со своите приврзаници бил затворен во Златната порта, додека неговиот син Мануил успеал да побегне од градот. На Венецијанската Република и била позната бајазитовата поддршка на Јован VII. Мануил II успеал да собере помош од егејските острови и во август се нашол пред Цариградските ѕидини. Со помош на Џенова, на 17 септември 1390 година Јован V повторно ја зазел власта а Јован VII побегнал кај Бајазит како османлиски вазал.
Бајазит со помош на вазалот ја зазеле последната христијанска населба во Анадолија, Филаделфија. Поради стравот од Бајазит, Јован V започнал со поправка на ѕидините на престолнината на кое Бајазит му се заканил со опсада на градот. Поради ова византискиот цар го повлекол проектот а како награда го добил Мануил II. Во 1391 година починал Јован, а на негово место застанал Мануил II, кој бил вазал на Бајазит и кој му порачал дека територијата на Византија се наоѓа единствено зад Цариградските ѕидини. Покрај тоа, Мануил морал да се согласи да Бајазит именува кадија кој во Цариград ќе им суди на муслиманското население.
Освојување на Балканот Србија
Имајќи моќ и голема и добро организирана војска, Бајазит I решил да продолжи со освојувања на татко му на Балканот и во Азија. Кога дознал дека неговиот татко е мртов, тој наредил сите српски затвореници да бидат погубени. Бајазит се одликувал со тоа што ги проширил своите територии на Балканот поради кое главно бил наречен Јилдирим или молња.
По смртта на српскиот кнез Лазар на Косово поле во 1389 година, неговите вазали Вук Бранковиќ и Ѓорги Страцимировиќ не сакале да го признаат господарството на лазаревата вдовица Милица. Истата година, унгарскиот крал Сигисмунд го наложил своето господарство во Србија во северниот дел од земјата. И покрај тоа што Бајазит се наоѓал во Анадолија, турските налети продолжиле. До крајот на 1392 година, сите земји на кнезот Лазар паднале под власта на Османлиите.
Според житието на Стефан, синот на кнезот Лазар, по Косовската битка во Бајазит испратил претставници кај сопругата на Лазар, Милица и посакал од неа да се потчине како и раката на нивната ќерка Оливера Лазаревиќ. Во замена тој и ветил дека нема да ги напаѓа позициите на нејзиниот син Стефан, а ќе го брани и ќе ја потврди неговата власт во земјата. По прифаќањето на овие услови, Оливера Лазаревиќ и Стефан Лазаревиќ отишле кај Бајазит за да се склучи бракот и да се формализираат вазалните односи. Во времето кога го склучил сојузот со Милица, султанот Бајазит I ги потчинал Ѓорги Страцимировиќ и Вук Бранковиќ. Според еден протокол издаден од страна на венецијанскиот сенат на 7 октомври 1392 година, Бајазит успеал да го зароби самиот Ѓорги и неговата фамилија. Цената на нивното ослободување била предавање на областите Шкодра и Улцин. Во еден друг документ пак од 21 октомври 1392 година кој бил издаден во Приштина, Вук објавува дека склучил договор со османлискиот владетелElizabeth A. ZACHARIADOU, „Manuel II Palaeologus".. Според житието на Стефан, и двајцата српски владетели се вазали на султанот и се задолжени да учествуваат во воените походи на Бајазит. Со потчинувањето на овие двајца, Отоманското Царство воспоставила контрола врз сите земји на покојниот кнез Лазар.
Бајазит I прв од турските султани почнал да гради силна морнарица за да ја искористи предноста на освојување од море. Османлиите го свртеле своето внимание кон пространствата на Егејско Море, каде што имало многу густо населени грчки острови. Но, островјаните биле слободољубиви, а нивните градови биле заштитени со камени ѕидови. Покрај тоа, на Грците морепловството им било вродено, и да се победат на море се покажало многу тешко. Милитантниот османлиски султан избрал поинаква тактика, и целосно го оправдал својот прекар. Неговата флота со војници почнала да врши грабежи по грчките острови во архипелагот. Оваа тактика довела до тоа многу скоро, многу грчки острови да станат сопственост на Турците Османлии, а островјаните на крајот се приклучувале на екипажите на бројната флота на Отоманското Царство.
Бугарија thumb|right|Споменик на Бајазит во Анкара По покорувањето на српските земји, Османлиите се свртиле кон земјите на денешна Бугарија. За оваа кампања се зазчувани оскудни сведоштва, но ниту еден извор не ги раскрива мотивите за нивниот почеток. Се смета дека по крајот на Косовската битка, бугарскиот цар Шишман повеќе не сакал да биде вазал на османлискиот султан, исто како и својот брат во Видин кој се потчинал на Кралство УнгаријаBOGDAN, „Eine bulgarische Urkunde des caren Joan Stracimir", Archiv für Slavische Philologie, XVII (1895).. Според српските летописи, Трново бил заземан на 17 јули 1393 година, но самиот Шишман управувал уште две години. Налагањето на османлиска власт во Србија и Бугарија ја ограничила можноста на унгарскиот напад по текот на реката Дунав. Поради ова, Бајазит започнал подготовка за зазимање на Цариград, град кој одамна ја имал изгубено својата величествена гордост, главно поради постојаните династички пресметки помеѓу византиските династии. Индиректно, самиот град бил управуван од страна на султанот бидејќи тој налагал големи даноци.
Состанокот во Сер