Предатор 2 () — американски научнофантастичен акционен филм од 1990 г., во режија на Стивен Хопкинс, по сценарио на Браќата Томас, снимен во рамките на медиумската франшиза Предатор. Главните улоги ги толкуваат Дени Гловер, Кевин Питер Хол, Гари Бјуси, Адам Болдвин, Марија Кончита Алонсо и Рубен Блејдс. Композитор, како и за првиот дел, е Алан Силвестри.
Дејството на филмот ги следи полициските службеници од Лос Анџелес, кои се соочуваат со агресивен вонземјански облик на живот што лови луѓе.
Филмот е продолжение на остварувањето Предатор од 1987 г. во режија на Џон Мактирнан. Во завршницата на филмот се појавува череп на Вонземјанинот, што го отворило патот за создавање на серијалот филмови Осмиот патник против Предаторот. Во 2010 г. било објавено продолжението Предатори во режија на Нимрод Антал.
Содржина Поручникот од полицијата во Лос Анџелес, Мајк Хариган, и неговиот нахален партнер, детективот Џери Ламберт, наскоро сфаќаат дека она што се чинело како крвава пресметка меѓу јамајканските банди на вуду-свештеникот „Кралот“ Вили и колумбискиот наркокартел на Рамон Вега, всушност е дело на застрашувачка трета страна. Федералната екипа на Питер Киз го обезбедува местото на злосторството, дури и од полицијата во Лос Анџелес, но откако криминалистичките докази потврдуваат дека се работи за вонземјанин што продолжува да зема жртви, сите страни се принудени да се здружат во потерата.
Улоги
| Дени Гловер || поручник Мајк Хариган |- | Гари Бјуси || агент Питер Киз |- | Марија Кончита Алонсо || Леона Кантрел |- | Рубен Блејдс || Дени Арчулета |- | Бил Пакстон || Џери Ламберт |- | Адам Болдвин|| агент Гарбер |- | Кевин Питер Хол || Предаторот |- | Роберт Дејви || капетан Хајнеман |- | Лилијан Шовен|| д-р Ајрин Ричардс |- | Кент Макорд || капетан Пилгрим |- | Калвин Локхарт || Кралот Вили |- | Мортон Дауни Помладиот || Тони Поуп |- | Стив Кејхан || наредник Нил Ригер |- | Хенри Кинги || Ел Скорпио |- | Томас Росалес Помладиот || член на бандата на Ел Скорпио
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски акциони филмови Категорија:Филмови од 1990 година Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Филмови на 20th Century Fox Категорија:Американски научнофантастични акциони филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Лос Анџелес