Alyssum saxatile — вид повеќегодишно тревесто растение опишано од ботаничарот Карл Линеј во 1753 година. Alyssum saxatile припаѓа на родот Alyssum и семејството Brassicaceae. Опис и распространетост Растението е силно разгрането при основата, со дрвенеста база и височина 10-30 см. Стеблата се вертикални, неразгранети или разгранети, со листови по должината, густо покриени со меки разгранети влакна што нагоре стануваат поретки. Листовите се сиви или сиво-зелени поради густите ѕвездести влакна; базалните и вегетативните се обратно-јајцевидни до копјести, со рабови крупно насечени или цели; стеблените се копјести, цели или ситно назабени. Соцветието е штитовидно и многу разгрането. Чашкините ливчиња се долги 2-3 мм, елиптични, жолтеникаво-зелени, со тесен мембранозен раб и меки ѕвездести влакна со долги краци. Венечните ливчиња се жолти, долги 3-6 мм, обратно-јајцевидни, нагло стеснети во краток клин, на врвот плитко или длабоко всечени, без влакна на грбната страна.Прашниците немаат израстоци на филаментите. Шушменчињата (плодниците) се долги 4-6 мм, голи, округли или клиновидни кон основата; капачињата речиси рамни, со по два семенови зачетока во секое око. Семките се кафеави, долги 2-2,7 мм, со крилце широко 0,3-1 мм по рабовите.
Расте во пукнатини на карпи, клисури и планини, до 1.400 м надморска височина. Варијабилност Alyssum saxatile subsp. saxatile - Шушменчињата се подолги отколку што се широки и имаат округлест врв. Во Македонија не се среќава иако е наведено од некои автори. Alyssum saxatile subsp. orientale - Шушменчињата се пошироки од должината или долги колку и широки, рамни или всечени на врвот. Претставува широко распространето растение по сите клисури и по планините до 1400 мети надморска височина. Галерија
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа