Жанасемеј (, ) — округ во Абајската Област во источен Казахстан. Седиште е градот Семеј, иако самиот не е дел од округот.Поделбени единици на Казахстан на месните јазици, GeoNames
Историја Округот за првпат е создаден во 1928 г. за време на Казашката АССР. Тогаш бил во состав на Семипалатинската Област, но по две години е укинат. Во 1938 г. округот е обновен како дел од Источноказахстанската Област на Казашката ССР и траел до 1957 г. со извесни измени. Во 1966 г. Женасемеј е повторно обновен и траел до 1996 г. Конечно е обновен со претседателски указ, почнувајќи од 1 јануари 2024 г.
Географија Во округот се наоѓаат реките Шаган и Сариузен, езерата Шуга, Балиткикол и Чаган/Шаган. Во западниот дел се издигаат планините Дегелен и Миржик и се дел од Казахстанскиот Праг.
Поврзано Семипалатински полигон
Наводи
Надворешни врски
Портал на округот Жанасемеј
Категорија:Окрузи во Абајската Област