Никола Алтиев — македонски писател, книжевен критичар, фолклорист и библиотекар.

Животопис Алтиев е роден во Велес, Македонија. Основно образование, гимназија и факултет, завршува во Скопје. Најпрво работи како професор по литература, а потоа долго време работи како раководител на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и „Страшо Пинџур“Литературен свят. Никола Алтиев. Посетен на 22 ноември 2012..

Во областа на библиотекарството има објавено седум книги и над триста трудови, натписи и др. Поезија за деца и возрасни има објавувано во повеќе весници и списанија во Македонија. Бил уредник на списанието Современост и главен уредник на „Библиотечен спектар“.

Творештво Неговото творештво го сочинуваат 23 поетски збирки, шест збирки раскази, три романи, две книги со книжевна критика, две книги од областа на фолклористиката, повеќе библиографии и една монографија.Јадранка Клисарова, „Неколку зборови за стихозбирката „Пламтеж во телото“ од Никола Алтиев“, Современост, број 3, 2023, стр. 129.

Стихозбирки “Гората Лавовија“ “Незбогување“ “Три јунаци правда делат“ “Ѕвездеење“ “Јужнобол“ “Вечнопис“ "Таа" "Македон" "Неумир" "Чудна дружба" "Непокор" "Гоцевина" "Брегови" "Глас несопир" "Мостови" "Младеење" "Софи" "Ветровнина" "Неодмин" "Икона во срцето" „Пламтеж во телото“ (Академски печат, 2022)

Романи "Поглед низ прозорецот" "Врвење низ животот" "Забранета љубов" "Збирки раскази" "Средба" "Нико" "Тука сме" "Говор на животот" "Мирисот на животот" "Во прегратката на животот"

Книжевна критика "Слово за книгите" "Одговорност"

Фолклористика "Македонијо земјо родена" "Крај Вардара високи чукари"

Монографии "Б.К.-Скопје" "Б.К.-Страшо Пинџур-Скопје"

Автор е на книгата со книжевно-критички текстови „Одговорност пред зборот“.

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“