мини|Жени од Гис Бенд, Алабама, работат на прекривка, 2010 година Кружок за шиење прекривки (анг: Quilting bee) — општествен собир каде со заеднички сили рашно се шијат прекривки. Терминот најчесто се користи низ САД и Канада. Традиционално, простор само за жени, целта била со заеднички труд да се сошие прекривка како општествен настан или забава. Учесниците можат да вклучуваат само членови на семејството, пријатели или луѓе од пошироката заедница. Прашања од значителна важност и дебата често се дискутирале за време на овие настани, како што се правата на жените. Постоеле повеќе настани поврзани со овој чин. Ваквите кружоци постојат и во модерното време.

Собири мини|Веселба на шиење прекривки (1813), од Џон Луис Кримел. Насликана во Филаделфија. Производството на текстил ги создало некои од одобрените општествени собири за жени во текот на 19 век, при што кружоците за шиење прекривки биле прилики и за заедничка работа и за време поминато со најблиските. Иако примарната цел на овие кружоци била да ѝ се помогне на секоја жена да заврши прекривка, нејзиното вистинско значење била можноста што им ја давала на жените да „разменуваат новости, да споделуваат рецепти, да нудат домашни лекови, да разменуваат остатоци од ткаенини, да дискутираат за лични проблеми, да учат нови техники и да ги учат своите ќерки“. Кружоците за шиење прекривки служеле од спонтани средби на блиски роднини или пријатели се до настани на кои имало значителен број луѓе. Дури и оние на кои им недостасувало вештината за шиење биле добредојдени бидејќи нивните кулинарски способности можеле да се искористат за да се создаде гозба на крајот од денот.

За време на кружоците за шиење прекривки често се дискутирале важни прашања. Сузан Б. Ентони, како тинејџерка, ги одржала своите првични говори застапувајќи ги правата на жените на овие настаните. Мажите често учествувале на свеченостите што следеле по завршувањето на шиењето, а овие настани честопати резултирале со романтични интеракции. Статусот на кружоците за шиење прекривки како општествен настан во 19 век е поткрепен со многуте „референци, дневници, слики, поезија и песни“.

Кружоците за шиење прекривки се користеле и во Канада, а во книгата Пионерите на Стариот Онтарио се споменуваат кружоци каде мажите ги отстранувале зрната пченка од класот и се случувале после овие настани. Кружоците за шиење прекривки во Канада повторно се појавиле за време на Првата светска војна и Втората светска војна, а прекривките биле испраќани до војници во странство и британски семејства кои ги загубиле своите домови поради бомбардирање.

Настани мини|Кружок за шиење прекривки, околу 1910-тите, САД Кон крајот на 18 век, Марта Балард документирала во својот дневник како нејзините сосетки ги поучувале нивните ќерки како да го подготват семејното наследство, а истовремено ги забележала и собирите за шиење прекривки кои имале за цел да ги подготват нејзините ќерки за домаќинството. Сепак, ова претставувало мал дел од тие собири.

Кружоците за шиење прекривки станувале конкурентни, бидејќи сите млади девојки имале за цел да го покажат својот најдобар вез. Кога ќе дојдело време за последниот ред на шиење на прекривката, мажените жени се повлекувале, дозволувајќи им на девојките да се натпреваруваат за честа да го стават последниот бод, бидејќи се сметало дека оној што ќе победи ќе биде следниот што ќе се омажи. Прекривките за невести обично се создавале за време на кружоците. Овие прекривки имале дизајни што претставуваат љубов, лојалност и плодност. Тие често се ставале во ковчежиња како ценето наследство што се пренесувало од мајка на ќерка.

Обичајот бил секоја млада девојка да се стреми да поседува 13 прекривки за нејзиниот свадбен мираз, кои се чувале во нејзиниот сандак сè до моментот на венчавката. Во одредени области, таа самата ги изработувала и шиела ќебињата. Била организирана група за шиење прекривки за да ги заврши сите прекривки или само 13-тота. Прекривките за пријателство, честопати биле со извезени или напишани имиња, биле омилена креација кај кружоците за шиење прекривки. Овие прекривки биле изработувани од жени од заедница или црковна парохија како проштален подарок за пријателка што се преселувала во нов дом. Поединечни парчиња со одредени големини биле создавани независно, а потоа составени од група. Прекривките со албуми, исто така, ги евидентирале значајните настани во животот на едно семејство.

Модерни кружоци мини|Кружок за шиење прекривки во летната вечер во Централ Парк. Материјалите биле обезбедени бесплатно од Њујорк Паркс, јуни 1973 година. Во женското движење и оживувањето на шиењето на прекривки кон крајот на 20 век, собирањата за шиење на прекривки започнале со основање на здруженија за шиење на прекривки и разни мали групи за шиење. Многу групи се нарекуваат себеси „пчелки“, продавниците за шиење го вклучуваат терминот и во своите имиња, а постојат и „виртуелни пчелки“ кои постојат за да поттикнат онлајн заедници.

Неколку групи за шиење на прекривки се активни денес се собираат редовно од почетокот на 1900-тите. По оживувањето на занаетчиството во 1970-тите, занаетчиите продолжиле да учествуваат во шиењето на прекривки групите за шиење на прекривки обично се собираат еднаш или двапати месечно за да шијат, давајќи им можност на членовите да разменуваат идеи и техники, додека повторно се поврзуваат едни со други. Групите за шиење, исто така, планираат разни настани, како што се прикажување на нивните креации, организирање празнични саеми, поканување на историчари за шиење прекривки да зборуваат и организирање демонстрации предводени од инструктори. Повремено, групи за шиење на прекривки достигнуваат глобално ниво, една од нив е Проектот за шиење на прекривки на Олимписките игри предводен од Советот за шиење на прекривки на Џорџија.

Наводи

Категорија:Историја на правата на жените