Час по танц — слика масло на платно од францускиот уметник Едгар Дега од 1874 година. Се наоѓа во колекцијата на Метрополитенскиот музеј на уметност, во Њујорк.

Сликата и нејзиното придружно дело во Музејот Орсе, Париз, се меѓу најамбициозните дела на Дега на тема балет. Имагинарната сцена прикажува час по танц што се одржува под надзор на Жил Перо, познат балетски мајстор, во старата Париска опера, која всушност изгорела претходната година во 1873 година. Постерот на ѕидот во задниот предел од сликата е Росиновата опера „Вилијам Тел“ и е почит кон оперскиот пејач Жан-Батист Форе, кој го нарачал делото.

Сликата е изложена во Галеријата 815 на Метрополитенскиот музејот од декември 2023 година.

Наводи

Надворешни врски

Импресионизам: изложба по повод стогодишнината, Метрополитен музеј на уметност, 12 декември 1974 – 10 февруари 1975, целосно дигитализиран текст од библиотеките на Метрополитен музеј на уметност

Категорија:Огледала во уметноста Категорија:Слики од Едгар Дега Категорија:Слики од 1874 година