Лука Вушковиќ (роден на 24 февруари 2007 година, во Сплит) — хрватски фудбалер, играч од одбраната на Хамбургер, на заем од Тотенхем Хотспар, и на хрватската репрезентација.
Биографија Лука е роден во Сплит и потекнува од фудбалско семејство. Неговиот прадедо Марко и дедо Марио биле фудбалери и играле за Хајдук, како и татко му Даниел, кој исто така играл за Хајдук и потоа работел во академијата на клубот кога Лука бил таму. Конечно, неговиот брат Марио, е исто така фудбалер и во моментов игра заедно со него во Хамбургер.
Технички карактеристики Централен дефанзивец, познат по солидно маркирање и воздушните дуели, благодарение на неговата импозантна градба и физичка сила. Добрата игра во возухот и одземањето на топката од противниците, во комбинација со извонредната способност за игра со двете нозе и прецизноста во додавањата го прават комплетен и модерен одбранбен играч. Неговата тактичка интелигенција му овозможува да ги предвиди потезите на противникот и да ја одржи контролата дури и кога е под притисок, што го прави столб на одбраната. Сметан за еден од најперспективните таленти на својата позиција, во 2024 година бил вклучен во листата на 60 најдобри фудбалери родени во 2007 година, составена од „The Guardian“.
Клупска кариера Хајдук Сплит Роден во Сплит, Вушковиќ напредувал низ младинските категории во академијата на локалниот клуб Хајдук Сплит, станувајќи најмладиот Хрват што играл, и постигнал гол, во Младинската лига на УЕФА.
На возраст од само 15 години, тој играл за првиот тим на Хајдук во пријателскиот натпревар против Уранија во септември 2022 година. На 16 декември 2022 година, тој играл и постигнал гол во друг пријателски натпревар против Шалке 04.
На 26 февруари 2023 година, два дена по неговиот шеснаесетти роденден, Вушковиќ го направил своето официјално деби за првиот тим на Хајдук, започнувајќи и играјќи ги комплетните 90 минути во дерби натпреварот од првенството против Динамо Загреб, кој завршил со пораз на неговиот тим од 4–0. Со тој настап, тој станал најмладиот играч во хрватската прва лига, заедно со Марко Дабро;Двајцата играчи дебитирале во лигата на возраст од 16 години и 2 дена покрај тоа, Вушковиќ исто така, станал најмладиот играч кој некогаш настапил во натпревар од Вечното дерби, надминувајќи го Јосип Башиќ. На 2 март 2023 година, Вушковиќ го постигнал првиот гол во победата на Хајдук од 2–1 над Осиек во четвртфиналето на Купот на Хрватска. Постигнувајќи гол на 16 години и 5 дена, тој станал најмладиот стрелец во историјата на Хајдук во официјални натпревари. И покрај млда возраст, Вушковиќ ја завршил сезоната 2022-2023 со 11 официјални настапи за Хајдук (8 во првенството и 3 во купот) и еден постигнат гол.
Радомјак Радом и Вестерло На 31 јануари 2024 година, откако не настапил ниту еднаш за Хајдук од почетокот на сезоната 2023–2024, Вушковиќ се приклучил на полскиот клуб Радомјак Радом на шестмесечна позајмица. Тој го имаше своето деби на 10 февруари 2024 година, влегувајќи во игра како замена во 64-тата минута за Мајк Сестор во натпреварот од Екстракласа загубен со 6–0 на гости против Краковија. Шест дена подоцна, Вушковиќ го одиграл својот прв натпревар за клубот како стартер во поразот од 0–4 на домашен терен од Погон Шчеќин. На 4 март, Вушковиќ го постигнал првиот гол во дресот на Радомјак во победата со 2-1 во првенството над Стал Мелец. Четири дена подоцна, тој ја затресол мрежата и на Пјаст Гливице по само пет минути игра во уште еден успех на неговиот тим (2-3). Позајмицата во Полска ја завршил со 14 првенствени настапи и 3 гола, по што играчот се вратил во Хајдук.
На 9 јули 2024 година, тој бил позајмен на Вестерло во Белгиската Про лига. Дебитирал во белгиското првенство на 28 јули, играјќи како стартер во победата со 3-0 на домашен терен над Серкл Бриж, а веќе во следниот натпревар го постигнал својот прв гол за Вестерло во победата со 2-4 на гостувањето кај . Вушковиќ имал многу позитивна сезона во Белгија, играјќи како стартер во 28 од 30 натпревари во регуларниот дел од првенството (пропуштајќи само два поради суспензија) и постигнувајќи 7 гола, со кој иако игра како централен дефанзивец бил втор најдобар стрелец на тимот за сезоната зад сонародникот Матија Фриган. Тој, исто така, ја добил наградата за „Гол на сезоната во Белгиската Про лига“ за погодокот против .
Тотенхем и Хамбургер Уште на 25 септември 2023 година, Вушковиќ потпишал за англискиот клуб од Премиер лигата, Тотенхем Хотспар, на кој требало според договорот да му се приклучи во 2025 година, кога ќе наполни 18 години. Вредноста на трансферот, изнесувала околу 12 милиони фунти, а Вушковиќ потпишал договор во трајност до 2030 година. Откако земал учество во неколку подготвителни натпревари на Тотенхем во претсезоната, тој бил неискористена замена во Суперкупот на УЕФА како и во првите два натпревари на Тотенхем во Премиер лигата против Барнли и Манчестер Сити. Иако Тотенхем сакал да го задржи како замена за стартните стопери, Вушковиќ побарал да оди на позајмица бидејќи сакал редовно да игра.
На 29 август 2025 година, Вушковиќ се преселил на позајмица во германскиот клуб од Бундеслигата, Хамбургер, приклучувајќи му се на својот брат Марио. Дебитирал со клубот во Бундеслигата на 13 септември, во поразот со 5-0 на гостувањето кај . Во својот втор натпревар за клубот, Вушковиќ го постигнал својот прв погодок во победата со 2-1 над . На 7 декември, го постигнал својот втор гол за сезоната против Вердер Бремен во победата со 3–2 во Норддерби. Сезоната ја завршил со 30 настапи и 6 гола и бил избран во Тимот на сезоната во Бундеслигата.
Репрезентативна кариера Вушковиќ играл за неколку младински репрезентации на Хрватска: под 15, под 16, под 17, под 19 и под под 21 година.
На 9 јуни 2025 година, го имал своето деби за сениорската репрезентација во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 против Чешка, кој завршил со победа на Хрватска од 5–1, заменувајќи го Дује Ќалета-Цар во 88-мата минута. На 26 март 2026 година, тој го постигнал својот прв гол за хрватската репрезентација, во победата со 2-1 над во пријателски натпревар.
Во јуни 2026, тој се нашол на списокот од 26 играчи повикани од селекторот Златко Далиќ за Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико.
Хронологија на репрезентативните настапи
Титули Клупски Хајдук Сплит Куп на Хрватска : 1 2022-2023
Наводи
Надворешни врски
Лука Вушковиќ на soccerway Лука Вушковиќ на transfermarkt Лука Вушковиќ на espn Лука Вушковиќ на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Хајдук Сплит Категорија:Фудбалери на ФК Вестерло Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Фудбалери на ФК Хамбургер Категорија:Родени во 2007 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026