Совршено сино ( Пафекуто буру) — јапонски анимиран психолошки трилер од 1997 г., во режија на Сатоши Кон, заснован на романот на Јошиказу Такеучи. Филмот е произведен од студиото Madhouse. Премиерата се одржала на 5 август 1997 г. на меѓународниот фестивал „Фантазија“ во Монтреал, а во Јапонија бил прикажан на 28 февруари 1998 г.
Содржина Главната хероина е Мима Киригое, водачка на џеј-поп групата „CHAM!“. Филмот започнува со нејзината одлука да ја напушти музичката кариера за да се посвети на глумата. Оваа одлука предизвикува бурни реакции кај нејзините обожаватели. Дома, Мима открива интернет-страница наречена „Собата на Мима“ — семрежен дневник во кој некој друг подробно го опишува нејзиниот секојдневен живот, што во неа буди немир и страв.
Додека Мима се обидува да се докаже како глумица, нејзината психа започнува да пука. Таа сѐ почесто доживува халуцинации во кои ја гледа „старата“ Мима — поп-идолот, која ја обвинува за предавство. Истовремено, луѓето околу неа на снимањето почнуваат да бидат жртви на таинствени убиства. Границата меѓу стварноста и нејзината раздвоена личност станува сѐ поматновидлива, додека нејзиниот демнач станува сѐ поагресивен.
Гласовни улоги
| Џунко Ивао || Мима Киригое |- | Рика Мацумото || Руми |- | Шинпачи Цуџи|| Тадокоро |- | Масаки Окура|| Мамору Учида |- | Јосуке Акимото|| Теџима |- | Ёку Шиоја || Такао Шибуја |- | Хидејуки Хори || Сакураги |- | Еми Шинохара || Ери Очиаи |- | Масаши Ебара || Мурано |- | Кијојуки Јанада || режисерот |- | Тору Фурусава || Јада |- | Емико Фурукава || Јукико |- | Шихо Нијама|| Реи |- | Акио Сујама|| Тадаши Дои
Наводи
Надворешни врски Матична страница
Категорија:Јапонски филмови Категорија:Јапонски филмови Категорија:Филмови на јапонски јазик Категорија:Аниме-филмови