Милиќи — населено место и седиште на истоимена општина во Република Српска, Босна и Херцеговина. Според прелиминарни податоци од попис на население од 2013 година, во населено место Милиќи биле регистрирани вкупно 2.152 лица, a целата општина 11,441.
Географија Милиќи се наоѓа на устие на две реки, Зелени и Студени Јадар. Просечна надморска височина е 275 м.
Историја Општина Милиќи постоела од 1945 до 1962 година, кога била припоена кон општина Власеница. Во 1992 година, поради економска оправданост и некои други фактори, општината била повторно основана со 54 населени места што ги имала во својот состав пред нејзиното укинување.
Во село Герови се наоѓаат остатоци од тврдински град, кој според традиција бил изграден во 15 век од Јерина Бранковиќ, сопруга на деспот Ѓураѓ Бранковиќ (родена Ирина Кантакузин, позната во народна традиција како Проколната Јерина).
Тука се наоѓа Паркот на џиновите во Милиќи.
Спорт Спортот во Милиќи има традиција од 1972 година, кога бил основан првиот фудбалски клуб таму. Милиќи има повеќенаменска спортска сала управувана од страна на Спортскиот центар Милиќи, кој е еден од главните фактори за развојот на спортот во областа.
Петтата етапа од велосипедска трка „Низ Србија“ започнала од Милиќи на 16 јуни 2012 година.
Наводи
Надворешни врски
Општина Милиќи (српски)
Категорија:Населени места во Република Српска Категорија:Општини во Босна и Херцеговина