Переста клокочка или обична клокочка () — вид растение од родот клокочка (Staphylea) домородно во Европа и воведено во Британија.Plants for a Future—Staphylea pinnata

Застапеност во Македоинија Во Македонија видот е забележан на Беласица над с. Банско, во Битолско, во Струмичко (с. Куклиш), во Таорската Клисура помеѓу вливот на Кадина Река и Пчиња во Вардар, во Охридско помеѓу с. Трпејца и црквата „Св. Заум“, во Скопско во месноста Осој и клисурата на Треска над с. Матка.

Опис Растението е листопадна грмушка со висина до 6 м. Видот има перести листови, поради што е наречен pinnata. Има мали, бели и ѕвонести мирисливи цветовиMissouri Botanical Garden—Staphylea pinnata кои излегуваат од мај до јуни, on метлички долги до 13 см. The flowers are двополови и се опрашуваат од муви. Плодовите се надуени чаури со 2-3 сраснати плодни листови долги до 4 см, кои узреваат од септември до ноември. Семките се јадат и по вкус потсетуваат на ф’стаци

Одгледување Перестата клокочка се одгледува на сонце до делумна сенка, и трпи различни почви. Чувствителна е на суша.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Клокочки Категорија:Грмушки Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Јадливи оревести плодови и семки Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј