Кралската рота — медиумска група на британското кралско семејство. Кралската рота е составена од група претставници на медиумите кои се поканети да присуствуваат и да известуваат за кралските настани, со разбирање дека вестите и фотографиите направени на настанот ќе бидат споделени со други медиуми. Системот на заедничка група го намалува бројот на претставници на медиумите што инаку би присуствувале, што помага да се ублажат проблемите со просторот и безбедноста.

Членови Кралската рота вклучува новинарски персонал поврзан со следните професионални организации:

Асоцијација на новински медиуми, која го претставува печатеното новинарство. Агенција „Вајр пикчр“ Совет на фотографски новински агенции ДОО Здружение на независни фотографи www.ipa.photos Телевизиски мрежи во Обединетото Кралство, како што се Би-би-си,Скај Њуз и ИТН

Основни членови Од јануари 2020, Основните членови на печатените медиуми се Дејли експрес, Дејли меил, Дејли мирор, Ивнинг стандард, Телеграф, Тајмс и Сан.

Поврзано Кралски дописник Здружение на дописници од Белата куќа – медиумска база за Белата куќа

Наводи

Надворешни врски

Кралска рота на newsmediauk.org

Категорија:Британско кралско семејство